Црна хроника
Ограбена црква во Беровско
Непознат сторител со употреба на сила и прилагоден алат насилно ја отворил влезната врата на црквата „Св.Пророк Илија“ во село Митрашинци, Беровско, и одзел пари. Според пријавата, црквата е ограбена во периодот од 10:00 часот на 8.3.2020 до 11:00 часот на 10.3.2020.
Увид на местото на настанот извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Берово. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава против шест затворски полицајци за овозможување бегство на лице лишено од слобода
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против шест лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПУ-КПД Идризово и тоа: И.И. (37), Ј.А. (36), И.Ј. (50), Д.П. (34), Ф.Б. (31) и В.Т. (36), за сторено кривично дело „Овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 став 2 од КЗ.
Пријавените И.И. и Ј.А. во својство на службени лица-затворски полицајци вработени во КПУ-КПД Идризово на 01.02.2023, додека ги извршувале работните задачи во Отворено одделение, со давање лажни податоци/изјава спрема раководните затворски полицајци, им овозможиле на група осудени лица да бидат надвор од рамките на затворот, спротивно на судски пресуди според кои требало да издржуваат казна затвор во КПУ-КПД Идризово, на начин што при утврдување на бројната состојба на осудени лица во отворено одделение во КПУ-КПД Идризово имало седум отсутни лица од установата, додека И.И. и Ј.А. констатирале дека сите осудени лица биле присутни, за што усно ги известиле командирите , овозможувајќи им бегство на осудените лица: Ј.Р., И.Ј., Н.Б., С.С., Р.К., И.Р. и Е.С..
Пријавените И.Ј., Д.П., Ф.Б. и В.Т. на истиот ден работно ангажирани на работни позиции во установата, не преземале дејствија за да го задржат осуденото лице Р.К. да го напушти затворот, кој пред нив се упатил кон вратата од пријавницата и избегал.
Пријавените затворски полицајци постапиле спротивно на процедурите, надлежностите и работните задачи и обврски за обезбедување, со што сториле кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 став 2 од КЗ.
Црна хроника
Кучиња скитници искасаа граѓани во Скопје
Вчера во 10.20 часот во Полициската станица Драчево, Т.С.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„Драчевска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Истиот ден во 17.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Е.Ј.(41) од Скопје пријавила дека на подрачјето на населбата Пинтија во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Црна хроника
Прегазен маж во Прилеп
Вчера во 13.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Васко Карангелески“ во Прилеп, патничко моторно возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(66) од Прилеп, удрило во пешакот П.Н.(50) од Прилеп.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.
Увидот го извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.