Спорт
Фудбалските првенства суспендирани на неодредено време
Натпреварувачката комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на Националниот шампионат од Прва и Втора МФЛ, потоа Третите лиги од МФЛ, како и натпреварите од женскиот шампионат и првенството во футсал, објави Федерацијата на својата интернет страница.
Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19, кои опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, вежбални.
Претходно, согласно препораките и забраните од Владата на Македонија за превенција од вирусот COVID – 19 , Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари од младите категории и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици.
foto/fkvardar.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баркли: Јокиќ е најдобриот странец на сите времиња во НБА
Легендата на НБА, Чарлс Баркли многу го почитува центарот на Денвер, Никола Јокиќ.
И додека се очекува српскиот кошаркар по третпат наскоро да биде прогласен за МВП во НБА караванот, Баркли го пофали Јокиќ како гостин во подкастот на Шенон Шарп.
Долго време се сметаше дека Германецот Дирк Новицки е најдобар странец во НБА, но Баркли мисли поинаку.
„До доаѓањето на Јокиќ, Дирк беше најдобриот странец во историјата на НБА“, вели Баркли.
Инаку, Новицки, кој доживеа ѕвездени моменти со Далас, има по една титула и едно МВП признание.
Спорт
Васкес ќе го продолжи договорот со Реал
Реал Мадрид речиси сигурно ќе го продолжи договорот со Лукас Васкез.
Реал ги прекина преговорите за нови договори до крајот на сезоната, бидејќи се очекува тимот да играа во финалето на Лигата на шампионите. Тимот оваа сезона ја освои титулата во Примера и игра во полуфиналето на Лигата на шампионите.
На многу играчи им истекуваат договори на крајот од сезоната и тренерот Карло Анчелоти треба да донесе одлука за составот за следната сезона, а како што пренесоа денеска шпанските медиуми, тренерот сака Васкез да остане уште една година.
Фудбалерот и управата сакаат соработката да продолжи, а Васкез се истакна со своите настапи во претходните недели.
Васкез ќе наполни 33 години во јули и е подготвен за 10-та сезона во Реал Мадрид, а двете страни се блиску до договор.
Се очекува Начо Фернандез и Лука Модриќ да го напуштат Сантијаго Бернабеу.
Спорт
Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер ќе отсуствува три недели поради повреда на мускулот.
Мегваер се повреди на тренинг, има шанса да игра во финалето на ФА Купот, а како што денеска објави „Скај Спортс“, се очекува да биде подготвен за Европското првенство.
Финалето на ФА Купот меѓу бранителот на титулата Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе се одигра на 25 мај во Лондон.
Европското првенство е закажано од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг има големи проблеми во последната линија на тимот, бидејќи се повредени Рафаел Варан, Лисандро Мартинес и Виктор Линделоф.
Дефанзивецот Џони Еванс се врати на тренинзите но неизвесно е дали ќе биде во составот за натпреварот вечерашниот напревар Кристал Палас.