Спорт
ЛЕ: Јунајтед со „петарда“ во Линц, Базел го шокираше Франкфурт (видео)
Манчестер јунајтед стигна до рутинска 5:0 победа на гостувањето кај ЛАСК Линц во првиот меч од осминафиналето на Лига Европа, правејќи голем чекор кон пласман меѓу најдобрите осум. Блиску до четврт-финале е и швајцарскиот клуб Базел по изненадувачката 3:0 победа кај Ајнтрахт Франкфурт, додека Башакшехир со гол од пенал во финишот на мечот стигна до 1:0 победа над Копенхаген во Истанбул.
Пред празни трибини на „Рајфајзен арената“ во Линц, „ѓаволите“ дојдоа во водство во 28. минута со фантастичниот гол на Нигериецот Одион Игало по уште поубавата асистенција од Бруно Фернандеш. По иницијативата на домашниот тим, Јунајтед го удвои водството преку Даниел Џејмс во 58. минута, пред Хуан Мата со соло акција во 82. минута да зголеми на 3:0, пред во финишот на мечот младиот Мејсон Гринвуд да зголеми на 4:0, а потоа Андреас Переира со гол од далеку во 94. минута да ги постави конечните 5:0.
Базел, пак, импресионираше при 3:0 победата на „Комерцбанк арената“, каде што необично ќе се игра и реваншот на овој дуел, откако Швајцарија официјално ги забрани сите спортски натпреварувања во оваа земја.
ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Башакшехир – Копенхаген 1:0
Ајнтрахт Франкфурт – Базел 0:3
ЛАСК Линц – Манчестер јунајтед 0:5
Олимпијакос – Вулверхемптон 21.00 ч.
Глазгов Ренџерс – Баер Леверкузен 21.00 ч.
Волфсбург – Шахтјор Доњецк 21.00 ч.
Севилја – Рома одложено
Интер – Хетафе одложено
ЛАСК ЛИНЦ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ – БАЗЕЛ
БАШАКШЕХИР – КОПЕНХАГЕН
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Нигерија поднесе жалба, бара дисквалификација на ДР Конго
Демократска Република Конго би можела да биде исфрлена од плејофот за пласман на Светското првенство. Нигерија поднесе жалба против ДР Конго. Нигеријците тврдат дека за ДР Конго насташиле фудбалери кои немале право да играат.
ДР Конго неодамна ја елиминираше Нигерија во квалификациите за пласман во интернационалниот. Конгоанците, до дуелот со победникот од Јамајка и Нова Каледонија, дојдоа по подоброто изведување пенали.
Нигеријците тврдат дека дури девет фудбалери на ДР Конго го промениле своето спортско државјанство пред натпреварот со Нигерија. Постапката тогаш не била завршена, па затоа бараат дисквалификација на ДР Конго.
Уставот на ДР Конго не дозволува двојно државјанство, а Нигеријците имаат информации дека некои формално не го отфрлиле претходнто. Доколку тоа се покаже како вистина, ФИФА би можела да ги поништи резултатите…
Аксел Туанзебе, Артур Масуаку, Арон Ван-Бисака итн. се во конкуренција.
Спорт
Сопругата на Рафиња полуде поради ФИФА: Дали мојот сопруг е кошаркар?
Додека Усман Дембеле ја славеше наградата на ФИФА за 2025 година, во Барселона се крена вистинска бура. Сопругата на Рафиња, бразилскиот напаѓач на каталонскиот клуб, јавно го изрази своето незадоволство, затоа што нејзиниот сопруг не е во идеалниот тим на светот.
На церемонијата во Доха, Дембеле од ПСЖ беше прогласен за најдобар фудбалер, додека Луис Енрике стана тренер на годината.
Речиси половина од играчите од ПСЖ беа во идеалните 11, вклучувајќи го и Донарума, кој сега е во Премиер лигата. Во првите единаесет се уште: Нуно Мендес, Хакими и Витиња, а тука се и Педри од Барселона, Белингам од Реал, Палмер од Челзи, Мбапе и Ламин Јамал.
Сепак, отсуството на Рафиња предизвика вистинска бура. Неговата сопруга не го криеше своето незадоволство:
„Како за Рафиња, кој постигна 62 гола на 64 натпревари оваа сезона, нема место во идеалните единаесет? Мислевте дека е кошаркар? Ова е голема неправда“.
Foto/ depositphotos
Natalia Rodrigues Belloli didn’t hide her frustration after Raphinha was left out of The Best FIFA Men’s XI 😡👀
🗣 '62 G/A… But he didn’t deserve to be included in the XI' pic.twitter.com/si9Hqc8YsY
— OneFootball (@OneFootball) December 16, 2025
Спорт
(Видео) Еден од најголемите боксери на 21 век замина во пензија
Еден од најголемите боксери на својата генерација, непоразениот светски шампион Теренс Крофорд, објави крај на импресивна кариера.
Одлуката доаѓа по три месеци откако ги обедини титулите во супер средна категорија со победата против Канело Алварез.
38-годишникот од Небраска, кој ја победи мексиканската легенда со доминантен настап во Лас Вегас во септември, ја сподели својата одлука со јавноста преку видео на социјалните мрежи.
„Се повлекувам од натпреварувањето, не затоа што завршив со борбата, туку затоа што добив поинаков вид битка“, рече Крофорд и дополни:, „Тааа каде што си заминуваш по свои услови“.
Крофорд (42-0, 31 нокаут) се повлекува како актуелен шампион во супер средна категорија на ВБА, ИБФ и ВБО. Професионалната кариера на Крофорд траеше три децении.
Тој дебитираше во 2008 година и брзо се етаблираше како еден од највозбудливите таленти во боксот.
Ја освои својата прва светска титула, круната во лесна категорија на ВБО, во 2014 година, победувајќи го Шкотланѓанецот Рики Барнс.
Вкупно, тој освои 18 светски титули во пет тежински категории, а врвот го достигна со триумф над Алварез.
Се пензионира со неверојатно достигнување, никогаш во текот на своите борби, не бил во нокдаун.
Сите 42 негови победи беа со едногласна одлука или прекин, и интересно е што ниту еден судија никогаш не бодувал резултат во корист на неговиот противник во текот на целата кариера на Крофорд.
Foto/ freerangestock

