Свет
Северна Кореја изведе уште една рунда артилериски вежби

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, надгледуваше уште една рунда артилериски вежби, за кои се претпоставува дека се насочени на подигање борбена готовност.
Агенцијата КЦНА наведува дека Ким ја предводел артилериската борба меѓу воените единици.
Како што се наведува, целта на натпреварот била да се процени подготвеноста на артилериските единици и да се унапредат формата, програмата и методот на артилериските вежби, пренесува АП.
Според наводите на КЦНА, Ким ги пофалил артилериските трупи за воениот ентузијазам и ставот и им наредил на властите редовно да одржуваат такви артилериски натпревари.
Денешните вежби се четврти од крајот на февруари. Меѓународните преговори за нуклеарната програма на Северна Кореја моментално се во застој. Ким кон крајот на декември минатата година изјави дека ќе открие ново стратешко оружје и ќе го прошири нуклеарниот арсенал поради американските санкции и притисокот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран со нов воздушен напад врз Израел

Иран вечерва, по локално време, започна нов бран ракетни напади врз Израел, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.
Според нив, ракетите биле испукани од различни делови на земјата.
Засега нема дополнителни информации.
Свет
Мерц: Иранскиот режим е ослабен и веројатно нема да се врати на својата поранешна сила

Израелските напади го ослабнаа Иран, а иранскиот режим е малку веројатно да се врати на своето поранешно ниво на моќ, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Овој режим е многу ослабен и веројатно нема да се врати на својата поранешна сила, што ја прави иднината на земјата неизвесна. Ќе мора да почекаме и да видиме што ќе се случи“, изјави Мерц за германската телевизија Велт на самитот на Г7 во Канада денес.
Тој додаде дека доколку се појави нова тешка политичка ситуација, Германија, Франција и Велика Британија повторно ќе бидат подготвени да понудат дипломатска помош, како што правеа до минатата недела.
Свет
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од Израел со владини авиони

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од Израел со владини авиони поради конфликтот со Иран, кој започна во петокот, објавија денес властите на двете земји.
Авион на чешката влада со 66 лица слета утрово во Прага. Ден претходно, словачки авион евакуираше 73 лица од Аман до Братислава.
Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова изјави дека повеќето од 66-те евакуирани лица се чешки државјани.
Според чешките медиуми, конвој евакуирани лица тргнал од Тел Авив вчера утро и се упатил кон Шарм ел Шеик во Египет, каде што се качиле на авион. Тие биле транспортирани со автобус и ја преминале границата пеш.
Словачки владин авион со 73 патници, повеќето од нив Словаци, слета во Братислава во понеделник пред 19 часот, изјави министерот за надворешни работи Јурај Бланар.
Меѓу евакуираните имало Полјаци, Чеси, Австријци, Словенци и други.
Словачка денес испраќа втор авион, а и за утре е планирана евакуација на словачки и странски државјани.