Црна хроника
Обвинение за скопјанец кој крадел од продавници за техничка и спортска опрема во ГТЦ

Против скопјанец на возраст од 48 години поднесено е обвинение за сторени кривични дела кражба и тешка кражба.
Како што информираат од обвинителството, на 18 февруари годинава, 48-годишникот влегол во продажен салон за техничка опрема во Градскиот трговски центар во Скопје.
Притоа ја искористил зафатеноста на вработените со купувачи, па од еден од рафтовите одзел звучник во вредност од 15.490 денари, по што незабележан го напуштил местото.
Втората кражба ја извршил на 3 март годинава, во продавница за спортска опрема во ГТЦ каде со совладување пречки успеал да одземе облека со вкупна вредност од 9.980 денари.
Тој зел три парчиња облека, влегол во гардеробата и на две од нив со употреба на сила ги оштетил алармните системи. Ги облекол двете парчиња под својата облека, па излегол од гардеробата и третото парче го вратил на касата, по што заминал.
Надлежниот јавен обвинител од судот побарал продолжување на мерката притвор која веќе му е изречена на обвинетиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.