Македонија
(Видео) Пендаровски: Откриени се обиди за организирано ширење лажни вести за коронавирусот
Претседателот на државата, Стево Пендаровски, од денешната прес-конференција информираше дека надлежните органи деновиве откриле неколку обиди за организирано ширење лажни вести со цел, како што рече, дополнително да се влоши состојбата и да се изгуби довербата во надлежните институции. Како што појасни тој, ширењето вакви информации не било од незнаење, туку планско и организирано.
„Службите имаат детектирано изминативе денови организирани групи кои шират лажни вести за коронавирусот со цел ширење паника меѓу граѓаните и недоверба во институциите и системот “, посочи Пендаровски во обраќањето пред медиумите.
На новинарско прашање дали се знае кои се лицата или структурите кои стојат зад лажните вести, Пендаровски рече дека не може да открие детали, но само кусо рече дека тоа се биле истите ентитети кои на овој начин делувале за време на референдумската кампања.
Шефот на државата ги упати граѓаните и медиумите за состојбата со вирусот да ги користат само официјалните информации од надлежните институции. Ги повика медиумите да известуваат одговорно и професионално, бидејќи само тако ќе придонесат точната информација да биде пренесена до граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежи од дожд и снег
Претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од слаб снег. Во петок и недела ќе преовладува претежно облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а во сабота и понеделник ќе биде променливо облачно.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф 80 мм на улицата Мирослав Крлежа бр.54, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Мирослав Крлежа во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.

