Македонија
Средба на Заев со шефицата на Мисијата на ОБСЕ во земјата: Државата да покаже политичка зрелост, да одржи фер и демократски избори
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, оствари средба со шефицата на Мисијата за набљудување на изборите ОБСЕ/ОДИХР во државата, Тана де Зулуета. Акцентот на средбата беше ставен на престојните парламентарни избори, кампањата на политичките партии и состојбата и справувањето со вирусот Ковид-19 во земјата.
Заев истакна дека очекува фер и демократски избори и фер и рамноправност во водењето на изборната кампања. Тој посочи дека со оглед на состојбата со коронавирусот, од кој не е поштедена ниту нашата земја, а во насока на поголема заштита на граѓаните, сите политички партии се обврзаа да водат една поинаква кампања од досегашните, односно без јавни собири, митинзи, ниту посети врата на врата, туку кампања преку мас-медиумите.
„На тој начин сите заедно превенираме затоа што јавното здравје е најважно. Воедно, граѓаните на овој начин ќе бидат во тек со програмата на партиите, она што тие го нудат во следниот мандат со цел градење на нивниот став за кого ќе го дадат својот глас“, истакна Заев.
Според него, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија води позитивна кампања со презентирање на програмата за следниот мандат, а која е насочена исклучиво во интерес на граѓаните и градење напредна просперитетна држава.
Двете страни се согласиле дека мошне е важно државата да покаже политичка зрелост, да одржи фер и демократски избори, со отсуство на нерегуларности, а со тоа ја задржи позитивната оценка за напредокот што е постигнат изминатиот период. Сето тоа ќе влијае на нејзината евроинтеграција, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Објавен јавен повик за субвенции за чистење на оџаци во Општина Гази Баба
Објавен е јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците во своите домаќинства, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Загадениот воздух е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Со редовно чистење на оџаците се овозможува подобро согорување на огревното дрво, намалување на штетните честички ПМ10 и ПМ2.5, поголема заштита од пожари и зачувување на животната средина“, вели Стефковски.
Висината на субвенцијата е 1.200 денари по домаќинство.
Право на учество имаат жители на општина Гази Баба; Домаќинства со исчистен оџак во периодот од објавата на повикот до 30.11.2026; Со фискална сметка и потврда од овластена фирма.
За аплицирање потребно е да се достави барање со потребната документација во архивата на Општина Гази Баба, ул. „Архимедова“ бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.
Повеќе информации и формулари на линкот од јавниот повик.
Македонија
Средба Милошоски – Клајн: Поддршка од Унгарија кон нашите ЕУ интеграции
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн, придружуван од заменик-шефот на Мисијата, Атила Фодор.
Во разговорот беа потенцирани одличните билатерални односи на нашата земја со Унгарија, засновани на меѓусебна доверба, почит и соработка. Посебен акцент беше ставен на економската и политичката соработка помеѓу државите, како и реализацијата на заеднички проекти.
Амбасадорот Клајн ја истакна поддршката на Унгарија кон нашите ЕУ интеграции, истакнувајќи ја важноста на членството во ЕУ на земјите од Западен Балкан кон стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на Регионот.
Македонија
Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ
Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот „Аптамил“.
Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно отповикување. Повлекувањето се однесува на ограничен број серии кај кои постои можност за присуство на цереулид.
„Производи опфатени со повлекувањето:
· APTAMIL AR 2
Сериски број (лот) Рок на употреба
20250924 / 111492248 24.09.2026
20251106 / 111505015 06.11.2026
· APTAMIL PRONUTRA 2
Сериски број (лот) Рок на употреба
20250619 / 111450979 19.06.2026
20260720 / 111470149 20.07.2026
20260922 / 111494041 22.09.2026
20261027 / 111509436 27.10.2026
20261130 / 111518857 30.11.2026
20261219 / 111526365 19.12.2026
20270121 / 111539141 21.01.2027
· APTAMIL PRONUTRA 1
Сериски број (лот) Рок на употреба
20260722 / 111473082 22.07.2026
20260904 / 111489543 04.09.2026
20261014 / 111504828 14.10.2026
20261126 / 111519122 26.11.2026
АХВ со апел потрошувачите кои имаат купено од наведените производи со дефинираните сериски броеви и рокови на употреба, истите да не ги користат, нештетно да ги уништат, или да ги вратат на местото од каде се купени.

