Спорт
Прекрасен гест – Роналдо своите хотели ќе ги претвори во болници

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе ги трансформира своите хотели во болници за луѓе инфицирани со корона вирусот, а покрај тоа ќе плаќа и за докторите и за работниците во нив.
Според шпанскиот весник „Марка“, Роналдо планира ланецот на хотели во неговата татковина да ги трансформира во болници, каде што луѓето бесплатно би добиле медицинска помош. Тој исто така е подготвен да плати за лекарите и за медицинскиот тим кој ќе работи со пациентите.
Португалија засега не е толку погодена од страна на пандемијата на вирусот, со околу 100-тина заразени.
Како и да е, фантастичен гест на Португалецот, кој честопати ја покажувал и својата хуманитарна страна со донации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Оклахома ја освои НБА лигата – Шеј е МВП, Халибартон тешко се повреди

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер се новите шампиони на НБА.
Оклахома ја победи Индијана со 103:91 во решавачкиот седми натпревар во големото финале и ја освои историската титула на франшизата со резултат од 4-3 во серијата.
Домашниот тим одигра одлична тимска кошарка, сепак, натпреварот во Оклахома го обележа тешката повреда на Тајрис Халибартон. По само седум минути игра, Хали ја повреди Ахиловата тетива, веројатно ја скина, а Пејсерс беа без главниот организатор на играта до крајот на натпреварот.
— Gonzalo Vázquez (@GVazquezNY) June 23, 2025
Оклахома клучната предност ја оставри на крајот од третата и почетокот на четвртата четвртина кога стигнаа до +21.
Индијана не успеа да се врати и Тандер ја освоија титулата. Шеј Гилџис-Александер одигра добар натпревар, 29 поени и 12 асистенции, по него следуваа Вилијамс со 20, Холмгрен со 16 поени, осум скока и пет блокади, како и Карузо и Волас со 10 поени.
Бенедикт Матурин беше најефикасен во поразениот тим со 20 поени, 13 скока и три асистенции.
За МВП на финалето е прогласен Гилџис-Александер, кој претходно беше прогласен и за МВП на сезоната и избран во најдобрата петорка во лигата.
Спорт
(Видео) Реал и со играч помалку пресилен за Пачука

Во второто коло од Светското клупско првенство на ФИФА во Шарлот, Реал Мадрид ја победи Пачука, во Групата Х.
Екипата на Чаби Алонсо, остана со играч помалку во седмата минута, но и покрј тоа победи со 3:1
Реал Мадрид е блиску до пласман во нокаут фазата, а дали ќе бидат први или втори на табелата пред мечот од последното коло, зависи од исходот на дуелот помеѓу Салцбург и Ал Хилал, кој е закажан за полноќ. Австрискиот тим има три, а саудискиот тим еден бод.
Не започна добро за Реал, во седмата минута, Асенсио беше последниот одбранбен играч кој го собори Саломон Рондон, а бразилскиот судија Рамон Абати го испрати Шпанецот во соблекувалната без многу размислување.
Иако со десет играчи на теренот, Реал поведе во 35-та минута со убав гол на Џуд Белингам. Реал ја дуплираше предноста во финишот на полувремето по прекрасна акција која со гол ја заврши на Арда Гулер.
Во 70-тата минута, Феде Валверде ја потврди победата, а конечниот резултат го постави Елиас Монтиел десет минути подоцна.
Спорт
Џака се сели на „Сан Сиро“

Фудбалскиот клуб Милан е блиску да го реализира трансферот на Гранит Џака. За трансферот Милан ќе издвои 10 милиони евра.
Џака, пристигнува на „Сан Сиро“ по две успешни години во тимот на Баер Леверкузен, каде што забележа одлични резултати.
Швајцарскиот репрезентативец се согласи на тригодишен договор вреден 4.000.000 евра нето по сезона.
Џака, Џака е четвртиот играч што го напушта тимот на Баер Леверкузен по Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг и Џонатан Та.
Исто така Леверкузен го напушти и тренерот Чаби Алонсо отиде во Реал Мадрид.