Економија
Германија го спречи обидот на Трамп да ја преземе компанијата што работи на лек против коронавирусот
Германската влада го оневозможи американскиот обид за преземање на компанијата CureVac, која работи на лек против коронавирусот.
Претходно, од Министерството за здравство на Германија за весникот „Велт“ потврдиле дека американскиот претседател, Доналд Трамп, сака за голема сума да дојде до биотехнолошката компанија CureVac, која работи на откривање вакцина против вирусот како би ја обезбедил ексклузивно за САД.
Медиумите во Германија објавија дека неодамна претставници на фирмата разговарале за преземањето со Трамп. Следуваше реакцијата на германската влада и, како што изјави вчера федералниот министер за здравство, Јенс Спан, преземањето нема да се случи бидејќи фирмата од Тубинген работи на лек за сите.
Главен извршен директор на компанијата од пред неколку дена повторно е нејзиниот основач Ингмар Хоер.
Тој преку ноќ го наследи Американецот Даниел Меничел, кој преговарал со Трамп.
На смената инсистирал косопственикот на CureVac и сопственик на фудбалскиот клуб „Хофенхајм“, Дитмар Хоп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Николоски: Трет мобилен оператор за граѓаните да добијат пониски цени
Министерот за транспорт и заменик претседател на Владата, Александар Николоски, најавува трет мобилен оператор во Македонија. Со тоа цените за мобилната, кабелската телевизија и интернет услугите ќе поевтинат.
„Би сакал да објавам дека сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор. Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги.
Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор. Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар. Време е државата да прави за граѓаните“, напиша министерот за транспорт, Александар Николоски.
Граѓаните задоволни.
„Браво! Дополнително треба независна контрола за квалилетот на испорачани услуги“, „Браво, некој да помисли и на народот“, „Да и тоа што побрзо бидејќи претплатите за мобилна телефонија се енормно високи. Исто така и кабелски интернет и телевизија, поевтини треба да бидат, не секогаш добиваме тоа што го рекламираат“, се само дел од коментарите под објавата на ФБ.
Економија
(Фото) Во министерството за финансии се крои ребалансот на буџетот, работата тече и викендов
Се крои ребалансот на буџетот. Во министерството за финансии се работи и викендов без прекин. Се пренаменуваат пари од нереализирани и непродуктивни трошења за она кое е попотребно и неопходно. Една од тие ставки е зголемувањето на пензиите од 2.500 денари од септември. Пари требаат и за капиталните проекти за општините. Според информациите, планирано е да бидат пренаменети 200 до 300 милиони евра.
„И овој викенд повторно работно во Министерството за финансии. Се работи на ребалансот на Буџетот. Секогаш во интерес на граѓаните на Македонија!“, напиша на Фејсбук министерката за финансии Гордана Димитреска Кочоска.
Економија
(Видео) Трипуновски: Земјоделските задруги се важни за решавање на проблемот со пласманот на производи
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствување на панел дискусија во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги.
– Мораме да работиме да го развиваме задругарството, во моментов се наоѓаме во еден правен вакуум бидејќи законот за земјоделски задруги е укинат и се формираше еден посебен закон за задруги меѓутоа делот на земјоделските задруги остана недефиниран. – изјави Трипуновски.
На панел дискусијата се споделија неколку идеи за во која насока треба да се движат земјоделските задруги, а министерот Трипуновски ги презентираше мерките и проектите од владината програма за земјоделски задруги.
Преземавме обврска да веќе во наредниве месеци да го измениме законот за земјоделство и рурален развој каде што ќе ги дефинираме земјоделските задруги и нивното здружување. Ние во нашата владина програма имаме ставено фокус на задругарството преку разни мерки и проекти се со цел да овој начин на здружување биде еден од алките на решавање со пласманот на нашите земјоделски производи – заврши Трипуновски.