Македонија
Филипче: Нема потреба од самотестирање, брзите тестови не се многу прецизни

Запрашан дали постои можност за самотестирање на коронавирус, министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција посочи дека таков тест не постои додавајќи дека на пазарот има брзи тестови што немаат висок степен на точност.
Тој повика граѓаните да пријават ако имаат симтоми.
„Не постои таков тест. Поприсутни се таканаречени брзи тестови, но за нив има студии и анализи дека не се со висок степен на точност. Нема потреба од самотестирање, доволно е граѓаните да пријават дека постои потреба, а епидемилозите ќе кажат дали треба или не тест“, одговори Филипче.
Жителите на Дебар и Центар Жупа, каде што е прогласено кризно подрачје, се придржуваат до мерките, соопшти министерот потенцирајќи дека нема нарушување на јавниот ред и мир.
„Кризната состојба во Дебар и Центар Жупа се спроведува добро, сите органи и тела, сите институции работат координирано, нема проблем, луѓето се мирни и се придржуваат до мерките. Нема нарушување на јавниот ред и мир. Луѓето од овој регион покажуваат висок степен на дисциплина и придржување од мерките. Може да излезат само луѓето на кои им е индицирано болничко лекување и тоа со специјална дозвола од болницата во Дебар за што постои и лице назначено, кое ги потпишува тие дозволи“, додаде Филипче.
За вечер е закажана седница на Владата, на која ќе се дискутира за повеќе мерки, а Филипче најави нови информации по нејзиното завршување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Македонија
Наградени ќе бидат полицајците кои вчера ја спасија жената во Вардар

Министерот Панче Тошковски, се сретна со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар.
Министерот на средбата со нив уште еднаш потенцираше дека важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.
„Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество.“, потенцираше министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.
Тој нагласи дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци.