Забава
Донатела Версаче и нејзината ќерка Алегра донираа 200.000 евра за болницата во Милано
Директорката на модната куќа „Версаче“, Донатела (67),и нејзината ќерка Алегра (33) донираа голема сума пари на одделот за интензивна нега на миланската болница „Сан Рафаеле“, на која ѝ е потребна помош заради огромниот број пациенти кои се лекуваат од коронавирус.
„Во вакви моменти важни се заедништвото и поддршката. Но, исто така е неопходно да им се помогне на сите оние кои се во првите борбени редови против болеста и се стремат да спасат стотици животи секој ден“, рече модната дизајнерка, пренесува британски „Харперс базар“.
„Затоа јас и Алегра решивме да донираме пари во одделот за интензивна нега на болницата ‘Сан Рафаеле’ во Милано. Нашите срца и мисли се со погодените од оваа болест, со сите лекари и медицински персонал, кои во последните неколку недели постојано и несебично работат, обидувајќи се да направат најдобро што можат за нашите најблиски.“
„Ова е време кога ние како општество треба да бидеме обединети и да се грижиме еден за друг“, напиша таа на социјалните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Жена од Онтарио го насмеа интернетот со изгледот на нејзината кукла: „Делува возбудено“
На „Тик-ток“ се шири вирално видео во кое Ники Калвер од Онтарио ја покажа својата божикна кукла со детали 18+, што го насмеа Интернетот.
Ники објаснила како ја купила дрвената кукла во продавница за ситни производи за само еден долар. Откако нејзиниот син почнал да си игра со неа, барабанот паднал, оставајќи мало дрвено испакнување на кое бил прикачен инструментот.
„Ова се случи пред една година и уште ме смее“, напиша таа со видеото кое собра два милиони прегледи, но и бројни коментари.
„Не знам што очекував, но не го очекував ова“, „Куклата е без тапан или само си среќен што ме гледаш?“, „Изгледа доста возбудено“, „Ова е многу среќен оревокршач”, „Не би го заменил“ и „Ова ме насмеа“ се дел од коментарите.
Инаку, тиктокерката откри дека во таква состојба ќе ја зачува куклата и можеби ќе стане интересно семејно наследство.
Забава
Кои хороскопски знаци се најпривлечени – сајт за запознавање спроведе истражување
Сајт за запознавање направи истражување за тоа кој хороскопски знак е најпривлечен за другите.
Иако можеби не се согласувате со нивните резултати, оваа апликација за запознавање претстави податоци кои покажуваат дека еден знак генерира најголем интерес за романса.
Излегува дека на врвот на листата се Рибите со нивната чувствителна и шармантна природа која привлекува повеќе од кој било друг знак.
Последното место го зазедоа Раковите, кои изгледа премногу ги кријат своите емоции и чувства, но тоа за нив е веќе стара приказна.
Листата е исклучително интересна бидејќи 5-то место го делат Шкорпијата и Девицата, а 7-то Лавот, Близнаците и Бикот.
Во прилог листата на знаци според привлечноста:
1. Риба
2. Овен
3. Водолија
4. Јарец
5. Шкорпија и Девица
6. Вага
7. Близнаци, Лав и Бик
8. Стрелец
9. Рак
Забава
Партнерката на Кристијано Роналдо позираше во чизми од 2.000 евра
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави неколку нови фотографии направени во Ријад.
Таа уживаше во прошетка во природа, а чизмите кои ги носеше го привлекоа вниманието на нејзините следбеници. Станува збор за модел на брендот Шанел чија цена е околу 2.000 евра. Нејзината објава досега собра повеќе од 2 милиони лајкови.
View this post on Instagram
Партнерката на Кристијано Роналдо неодамна го сподели првиот поглед на нивниот нов дом во Ријад, кој предизвика голем интерес во јавноста. На почетокот на 2023 година, парот се пресели во Саудиска Арабија, каде Роналдо ја продолжува својата фудбалска кариера.
На нејзиниот профил на Инстаграм и ТикТок, Џорџина објави видео со опис „нов дом“, и ги израдува своите следбеници кои се желни за детали за нивниот нов живот.
View this post on Instagram
На Инстаграм многумина го пофалија дизајнот, пишувајќи коментари како: „Убава“, „Убави украси“, „Мојот дом од соништата“, „Изгледа убаво“ и „Многу елегантно“.