Црна хроника
Браќа од Грчец уценувале 12-годишно девојче
СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против С.М.(19) и неговиот 15-годишен брат двајцата од село Грчец, поради основи на сомнение дека во временскиот период јули-август годинава, користејќи ја социјалната мрежа „Фејсбук“, во повеќе наврати по електронски пат примиле и на повеќе лица испратиле и прикажале порнографски материјал со 12-годишно девојче од Скопје.
За стореното кривични дела „прикажување порнографски материјал на дете“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено и казниво по член 193 и 193-А, од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот С.М. му е одземена патната исправа, забрането му е да го напушта домот во кој живее и задолжително еднаш во неделата да се пријавува во надлежен Суд.
Пријавениот малолетник кон крајот на јуни оваа година на социјалната мрежа „Фејсбук”, остварил контакт и станал пријател со 12-годишно девојче од Скопје, со кое почнале да си разменуваат електронски пораки.
По одреден временски период, истиот остварил и неколку физички контакти со девојчето при што во повеќе наврати барал од неа да се слика во компромитирачка положба и сликите со порнографска содржина да му ги прати во порака на неговиот фејсбук профил.
Откако на девојчето му испратил негови фотографии со порнографска содржина, малолетникот побарал од неа да сними порнографско видео на кое таа ќе врши полови дејства, при што истата тоа го направила и снименото видео му го испратила во електронска порака.
Во текот на кратката врска која пријавениот малолетник ја имал со девојчето во повеќе наврати по електронски пат си рамениле фотографии и видеа со порнографска содржина, за да кон средината на август, наеднаш ја прекине комуникацијата со девојчето и и’ се заканил дека целиот порнографски материјал снимен со неа ќе го препрати на нејзините пријатели.
На 16ти овој месец, малолетникот го испратил порнографскиот материјал на 11-годишна другарка на девојчето, а потоа целокупниот порнографски материјал му го покажал на неговит брат С.М., кој пак и’ испратил електронска порака со порнографска содржина на оштетеното девојче заканувајќи се заканил дека јавно ќе го објави целокупниот порнографски материјал од неа доколку таа не оствари физичка средба со него.
Девојчето потоа за заканите ја информирало својата мајка, која на случајот го пријавила во полиција.
Од извршените проверки, во присуство и со дозвола на пријавените, полициски службеници од Единицата извршиле преглед на содржината на телефонските апарати, како и на електронската комуникација која пријавените ја воделе на социјалната мрежа „Фејсбук“, при што се откриени поголем број на фотографии и видео материјали со порнографска содржина. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена пријавила дека партнерот ја нападнал и ѝ го одзел телефонот, оштетено и нејзиното возило во Кисела Вода
Вчера околу 20:50 часот, 31-годишна жена пријавила во полицијата дека била физички нападната од нејзиниот партнер Љ.З. во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавата, тој ѝ го одзел мобилниот телефон, ја нападнал, ѝ упатил закани користејќи остар предмет, а подоцна и го оштетил нејзиното возило со тврд предмет, додека било паркирано во дворот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Фирма од Велес оштетена за над 21.000 евра преку фалсификувана електронска фактура
На 3 февруари 2026 година, во 07:15 часот, 60-годишна жителка на Велес пријавила во СВР Велес дека фирмата каде што работи е оштетена за 21.111 евра.
Според пријавата, компанијата извршила уплата на средства врз основа на фактура испратена од деловен партнер. Но, по добиена порака преку електронска пошта дека уплатата не била реализирана, фирмата стапила во контакт со банката и партнерот. Тогаш било утврдено дека оригиналната фактура била пресретната, фалсификувана и пренасочена, по што средствата биле уплатени на туѓа сметка.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Автомобили се судрија на патот Куманово-Скопје, едно лице тешко повредено, возачот бил без дозвола
На 3 февруари 2026 година, околу 10:55 часот, на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со кумановски регистарски таблички.
Според информациите од СВР Куманово, се судриле „ауди“, управувано од М.А. (47) од селото Љубодраг, и „шкода“, со која управувал Б.С. (51) од Куманово. Во несреќата тешко телесно бил повреден возачот на „шкодата“, додека полесни повреди добиле неговите сопатници Т.Р. (49) од Куманово и М.Ј. (49) од селото Черкези, како и возачот на „аудито“ и неговата сопатничка О.Ц. (45) од Куманово.
При увидот на местото на несреќата било утврдено дека едниот од возачите, немал возачка дозвола. Од полицијата најавија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

