Економија
Бектеши: Нема простор за паника, има доволно залихи на храна, ако има потреба ќе се замрзнат цените
Откако изминатиот викенд имаше зголемен број на потрошувачи со зголемени набавки на прехранбени, санитетски и други производи, како резултат на паниката кај граѓаните од вирусот ковид 19, инспекторите се на терен со цел да се направи контрола за безбедноста и за функционирањето на супермаркетите согласно последните препораки на Владата.
Министерот Бектеши информираше дека Министерството за економија согласно Законот за трговија има надлежност да интервенира со мерки за замрзнување на цените на одредени производи со цел да не дојде до ценовни шокови.
„Нема место за паника за обезбедување основни прехранбени производии. Согласно податоците коишто ги има Министерството за економија сакам да ги информирам граѓаните дека има доволно залихи и нема потреба кај граѓаните да прават зголемени домашни залихи на храна. Се создава метеж во супермаркетите со што се зголемува можноста од ширење на заразата од вирусот ковид 19. Ние како Министерство за економија согласно одредбите на Законот за трговија предложивме до Владата мерки за замрзнување на цените на основните производи за да не дојде до ценовни шокови. Овие мерки ќе се разгледаат на седницата на Владата која ќе се одржи денеска.Нашата главна цел е да ги заштитиме граѓаните, но мора да се има предвид дека Северна Македонија е увозно зависна земја и ние неможеме да влијаеме на увизните цени, но сепак имаме предвид мерки и можности да реагираме за да не дојде до големи ценовни шокови“, потенцираше министерот Бектеши.
Министерот ги повика граѓаните да ги почитуваат препораките на владата за заштита од лоронавирусот, но и да ги почитуваат правилниците на супермаркетите со цел да останат заштитени од ширење на вирусот.
Во однос на тоа што Пазарниот инспекторат изминатиот викенд во вондредни контроли на терен затвори неколку кафулиња и ресторани кои не ги почитувале владините мерки и работеле иако тоа е забрането, Бектеши посочи дека инспекторите на Државниот пазарен инспекторат се 24 часа на терен и работат интензивно, но повика на поголема свесност кај сопствениците на трговските субјекти и порача дека сите кои нема да ги почитуваат мерките ќе бидат казнети согласно Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

