Спорт
Навивачите на Борусија Дортмунд се „цареви“ со големо срце

Корона вирусот продолжува да „владее“ во Европа, покажувајќи ја солидарноста на луѓето, а вистинска лекција за ова можат да дадат едни од најверните навивачи на светот – славните „Јужен ѕид“ на Борусија Дортмунд.
Преку писмо до јавноста тие ги известуваат сите во Дортмунд и во блиската околина дека од утре ќе пружаат „курирски услуги“ на старите и немоќните и тие кои не смеат да излегуваат од своите домови.
Секој ден, од 11 до 17 часот, тие ќе одат во шопинг, ќе ги плаќаат сметките и ќе ги завршуваат сите неопходни работи за постарите фанови кои ќе можат да ги контактираат директно.
Секоја чест, и секако препорака до другите навивачки групи низ цела Европа да го следат овој чин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Се надевам дека играчите се срамат од поразот од Емполи“

Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота не го криеше разочарувањето по елиминацијата од Емполи во четвртфиналето на Копа Италија. По натпреварот за италијанските медиуми изјави дека се срами.
Стратегот на торинскиот тим истакна дека неговите играчи не заслужиле да се пласираат во полуфиналето на ова натпреварување и дека тој најголем дел од вината за неуспехот.
„Не знам што да кажам по ваква игра, освен тоа што се се чувствувам засрамено, не толку многу заради резултатот што го постигнавме, туку заради играта што ја покажавме. Бевме далеку од нивото на натпреварувањето и клубот во кој се наоѓаме, и навистина се надевам дека и моите играчи чуватвуваат срам“, рече Тијаго Мота по натпреварот и дополни.
„Дресот на Јувентус е „тежок”, не е лесно да се игра во него од недела во недела, и затоа чувствувам голема вина и одговорност што не го подготвив подобро тимот. Тоа што го покажаа моите играчи во првото полувреме беше навистина лошо. Се надевав дека подоцна ќе ја видам реакцијата на тимот, но засрамен сум од она што го видов. Сето ова беше далеку од репутацијата на Јувентус“.
Спорт
(Видео) Детроит Пистон го декласираа актуелниот првак

Детроит Пистонс ја продолжи победничката серија во НБА лигата. Пистонс го декласираа актуелниот шампион Бостон Селтикс 117:97. Ова беше осма последователна победа за тимот кој моментално заедно со Кливленд е во најдобра форма во целата лига.
Детроит речиси 17 години немал ваква серија победи. Пистонси ја прекинаа долгата серија неуспеси во дуелите со Бостон, тие имаа серија од 12 поразиво низа.
Предводници на овој триумф беа незапирливиот Малик Бисли, најефикасен со 28 поени и Кејд Канингем кој постигна 21 поен и забележа 11 асистенции, додека Џејлен Дуран имаше 13 поени и 11 скока.
Овој пораз беше втор најубедлив за Бостон оваа сезона и го означи крајот на серијата од шест победи.
Џејсон Тејтум беше најефикасен со 27 поени, а Дерик Вајт и Пејтон Причард постигнаа по 18. Детроит се зацврсти на шестото место на Истокот (33:26), Милвоки има една победа повеќе и еден пораз помалку.
По двата порази (Кливленд и Бостон), Њујорк се врати на победите во дуелот со Филаделфија, 110:105.
Ова беше четврта победа во последните шест натпревари за Никс и 11-та во последните 15 натпревари.
Никс ги предводеа Џејлен Брунсон со 34 поени (15/16) и седум асистенции и Микал Бриџис со 28 поени. Ануноби придонесе со 16 поени и девет скока, додека Џош Харт имаше седум поени и 17 скокови.
За гостите, кои доживеаја девет последователни порази, вреди да се спомене учинокот на само тројца играчи кои практично сами се бореа со Никс. Тајрис Макси постигна 30 поени, Кели Убре 27, а Пол Џорџ 25 поени.
Резултати:
Индијана – Торонто 111:91
/Халибартон 33 – Квикли 18/
Вашингтон – Портланд 121:129
/Пул 24 – Шарп 36/
Мајами – Атланта 131:109
/Хиро 24 – Даниелс 18/
Бруклин – Оклахома 121:129
/Шарп 25 – Гилџис-Александер 27/
Чикаго – ЛА Клиперс 117:122
/Гиди 21 – Харден 30/
Јута – Сакраменто 101:118
/Кеслер 25 – Мари 26/
Хјустон – Сан Антонио 118:106
/Томпсон 25 – Џонсон 22/
Спорт
Поранешен член на Серија А по стечајот е соочен со банкрот

Обвинителството на Верона побара судски процес против Лука Кампедели, поранешен претседател на Киево Верона, под обвинение за измама во процесот на банкрот на клубот.
Истрагата спроведена од Финансиската полиција откри „механизам за измама со кој раководството ја претстави навидум добрата економска состојба на клубот кој се нтпреварува во четвртата лига, прикривајќи го колапсот и ерозијата на имотот на компанијата со што клубот доби дозвола да се натпреварува“, пишува „Тутоспорт“.
Истрагата се фокусира и на фиктивни трансфери на играчи во Чезена и Карпа по цени кои „не се во склад“ со реалната пазарна вредност. Наводно, играчите никогаш не ги напуштиле своите клубови, дозволувајќи му на Киево да запише капитална добивка од над 35 милиони евра.
Обвинителството го обвинува Кампедели и за проневера на над 200.000 евра од клупската каса за лични цели, неплаќање даноци и придонеси за социјално осигурување од 2014 година до стечајот, во износ од над 34 милиони евра.
Киево Верона, познат по прекарот „Летечките магариња“, е основан во 1929 година како мал маалски клуб од предградието на Верона, Киево. Клубот доживеа неверојатен подем, преминувајќи од аматерски статус во Серија А, највисокото ниво на италијанскиот фудбал.
Клубот во професионалните води влезе во 1986 година со влегувањето во Серија Ц2, во 2001 година првпат се пласираше во Серија А, една година подоцна играше во квалификациите за Купот на УЕФА (елиминиран од Црвена звезда), а во 2006 година го забележа најдобриот пласман во Серија А, кога го освои четвртото место.
Финансиските проблеми доведоа до стечај на клубот во 2021 година.