Контакт

Регион

Покрај храна, Хрватите масовно купуваат замрзнувачи, апарати за печење леб, фрижидери

Објавено пред

По јуришот во продавниците и купувањето брашно, масло и тоалетна хартија, шопинг-треската ги погодила и хрватските продавници за бела техника, каде што најмногу се купувале фрижидери, замрзнувачи и апарати за печење леб.

dobivaj vesti na viber

Минатиот викенд Хрватите масовно почнаa да купуваат замрзнувачи и фрижидери, но и апарати за печење леб, филтри за вода и електрични апарати за цедење цитруси, пишува хрватски портал „Новац“.

Трговците велат дека биле изненадени од побарувачката за замрзнувачи, но и го разбираат тоа.

Луѓето стравуваат дека доколку се прогласи карантин поради ширење на коронавирусот, тие ќе останат без храна, особено лесно расиплива храна, како што е месото, кое за подолго складирање мора да биде длабоко замрзнато.

„Претходно, замрзнувачите ги купуваа главно луѓе од селата – денес ги купуваат сите“, вели продавач од една од продавниците за бела техника.

Купувачите, вели тој, земаат на рати и не пребираат.

Тие ги земаат дури и изложените експонати и бараат веднаш да бидат спакувани и ги носат дома, без да ја прифатат опцијата за испорака до домот.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Девојки скокнале од воз во движење бидејќи ја пропуштиле својата станица, едната е во критична состојба: хорор во Бугарија

Објавено пред

Две девојки, на возраст од 20 и 21 година, биле итно префрлени во болница во Пловдив откако скокнале од патнички воз на линијата Софија-Бургас во близина на железничката станица „Клисура“, потврди вчера прес-центарот на Одделот за внатрешни работи во Пловдив. 20-годишната девојка се здобила со тешки повреди и е во критична состојба, објавува порталот 24chasa.bg.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот бил пријавен во службите за итни случаи во вторник околу 13:30 часот. Според првичните информации, девојките скокнале од прозорецот додека возот се движел, објавува БНТ.

Се наведува дека тие скокнале од возот во движење бидејќи ја пропуштиле станицата од каде што требало да слезат.

Наводно, не успеале да ја отворат вратата од вагонот на време. Кога конечно успеале да го сторат тоа, решиле да скокнат, но возот веќе добивал брзина.

Покрената е прелиминарна истрага и е известено Окружното обвинителство.

Поради инцидентот, сообраќајот помеѓу станиците „Клисура“ и „Стрјама“ е привремено прекинат.

Според Антонија Иванова од прес-центарот на Универзитетската болница за активен третман „Свети Георги“ во Пловдив, состојбата на 20-годишното девојче е исклучително лоша, објавува 24chasa.bg.

„Во моментов не можам да дадам никакви дополнителни информации. Другото девојче, кое има 21 година, е хоспитализирано во клиника во здравствена установа во стабилна состојба“, рече таа.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Дете остана без рака при експлозија на плажа кај Будва

Објавено пред

Страшна несреќа се случи на плажа во близина на Будва, каде што вчера експлодираше боца за нуркање. Во таа прилика, едно дете беше тешко повредено.

dobivaj vesti na viber

Црногорската полиција го уапси М. Б. (45), граѓанин на Белград, кој е обвинет за предизвикување јавна опасност и нелегални активности. Според официјалните информации, осомничениот управувал со опрема за нуркање без потребната регистрација или одобрение, што, како што е наведено, ги загрозило животите на присутните.

Детонацијата се случила во непосредна близина на плажата, кога експлодирала боцата за нуркање. Делови од неа одлетале на поголемо растојание и го погодиле детето, странски државјанин, во раката, што довело до ампутирање на неговата рака. Повреденото дете веднаш било пренесено во болница.

До него, уште две лица се здобиле со полесни повреди од експлозијата и побарале медицинска помош.

На местото на настанот дошол обвинителот на Основното државно обвинителство во Котор, заедно со експерти од машинската струка, каде што била спроведена истрагата. По спроведените мерки и дејствија, М.Б. бил уапсен и приведен од надлежните органи.

Несреќата предизвика голема вознемиреност кај туристите и локалните жители, додека истрагата треба да ги утврди сите околности и одговорноста на осомничениот, пренесуваат медиумите во соседството.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Вучиќ рече „ќе ги намалиме потрошувачките кредити“, а потоа замолче и ја смени темата

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера од Палатата на Србија презентираше нов пакет економски мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Мерките, кои тој ги нарече „чудесни“, вклучуваат ограничување на маржите на најголемите малопродажни синџири за 3.000 производи и намалување на каматните стапки на готовинските и потрошувачките кредити.

dobivaj vesti na viber

„Дали знаете што се потрошувачки кредити? Кога ви треба кредит за огревно дрво, за зима итн. Малкумина користат потрошувачки кредити. Но, ние ќе ги намалиме потрошувачките кредити…“, рече Вучиќ, по што замолчи седум секунди.

„Прво ќе зборувам за готовинските кредити бидејќи се подобри и поважни“, рече тој потоа, прекинувајќи ја тишината и менувајќи ја темата.

Вучиќ двапати ги опомена новинарите кои се смееја за време на конференцијата.

„Немам ништо против вас од медиумите ако најдете нешто смешно, но ве молам да покажете основно почитување кон местото каде што се наоѓате“, рече тој.

Дополнително, тој им покажа на камерите корпи со разни производи чии цени треба да бидат пониски. „Ова се силни и значајни мерки што ќе ја зголемат вкупната потрошувачка и ќе им користат на обичните, посиромашни луѓе“, нагласи тој.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

ДУИ: Од Балансер до Бадeнтер, план за рушење на уставниот поредок

Северна Македонија никогаш немала влада- по настроена против Охридскиот договор, против европската иднина и европската интеграција и повеќе од рамнодушна...

Свет1 час

Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на мирот во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека европските политичари во моментов се „најжестоките противници на мирот во Украина“,...

Топ2 часа

Го удирале со боксови по целото тело и глава: преку психијатриско вештачење ќе се утврди дали тројцата осомничени свесно го извршиле убиството во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како...

Свет2 часа

Зеленски ги повика Унгарија и Кина да извршат притисок врз Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Унгарија и Кина да влијаат врз Москва да ги запре воените операции во Украина....

Свет2 часа

Венс: Конфликтот со Зеленски во Белата куќа беше корисен за Американците

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ. Д. Венс, изјави дека конфронтацијата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, што се одржа во...

Македонија3 часа

На ГП Меџитлија откриени над 300 шишиња со хемиски препарати за прскање: спречен обид за криумчарење

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија. Во раните...

Свет3 часа

(Видео) Напаѓачот од САД се претставувал како жена: оставил морничави пораки

Напаѓачот во училиштето во Минеаполис, кој уби две деца и рани најмалку 17 други, е идентификуван додека полицијата истражува манифест...

Македонија15 часа

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за...

Македонија17 часа

Родителите од Демир Хисар револтирани: Законот ги принудува учениците на сместување во домови за да добијат превоз

Родители од Демир Хисар изразија незадоволство од измените на законот за средно образование и изразија загриженост за превозот на децата...

Македонија21 час

(Видео) „Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалира со ДУИ“, вели Стојаноски

„Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со...

Македонија21 час

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година, и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во...

Топ21 час

МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија23 часа

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на партијата Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ1 ден

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија1 ден

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет1 ден

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија1 ден

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет1 ден

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...

Свет1 ден

Зеленски: Од украинска страна сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти,...