Свет
Почина Јапонецот кој намерно ширел коронавирус

Јапонец кој велел дека сакал да го рашири коронавирусот по дијагностицирана заразата, починал во Јапонија, пренесува „Кјодо њуз“.
Човекот, кој живеел во Гамагори, град во префектурата Ачи, имал 57 години. Починал во болницата, каде што останал изминатите неколку дена. На пациентот му бил дијагностициран коронавирус на почетокот на март. Тој можел да биде хоспитализиран во одделот за заразни болести дури следниот ден, па лекарите го замолиле да си оди директно дома и да се изолира. Наместо тоа, Јапонецот, наводно, посетил најмалку два бара известувајќи ги своите роднини, кои претходно биле заразени дека тој ќе го шири вирусот.
Во еден од баровите човекот рекол дека е заразен со коронавирус по што вработените стапиле во контакт со полицијата и јавните здравствени служби, кои го привеле.
До денес најмалку еден од оние што имале контакти со него бил заразен со коронавирусот. Тоа била посетителка на еден од горенаведените барови. Нејзината состојба е стабилна.
Во Јапонија се потврдени повеќе од 1.500 случаи на коронавирус, вклучително и патници и екипажот на бродот „Дајамант принцес“. Триесет и седум лица починаа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Сериозно е нарушена здравствената состојба на Александар Вучиќ

Александар Вучиќ ја откажа планираната посета на САД поради влошување на здравствената состојба и побара медицинска помош веднаш по враќањето во Белград, објави претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ.
Таа изјави дека здравствената состојба на шефот на државата Александар Вучиќ, кој го прекина престојот во Флорида и попладнево се врати во Белград, е сериозно нарушена.
Вучиќ бил примен на Военомедицинската академија, каде што го пречекале министерот за здравство Златибор Лончар и Драган Динчиќ, поранешен лекар на поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ, објави „Блиц“.
Ана Брнабиќ изјави дека била планирана средба меѓу Вучиќ и американскиот претседател Доналд Трамп на Флорида.
Регион
Вучиќ е префрлен во Военомедицинската академија во Белград, се испитува од што му се слошило

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше префрлен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, пренесуваат неофицијално српските медиуми.
Претседателот беше пречекан на ВМА од министерот за здравство Златибор Лончар.
На претседателот на Србија ненадејно му се слошило за време на посетата на САД, по што побара медицинска помош и по прегледот одлучи да се врати во Србија. Поради ова, претседателот на Србија не се појави на главните настани за кои дојде во САД.
Според информациите на Танјуг, на Вучиќ му се слошило во раните попладневни часови по локално време. Во тој момент, во просторијата со претседателот Вучиќ, подготвувајќи се за состаноците, биле министерот за финансии Синиша Мали и советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ.
Канцеларијата на претседателот Вучиќ ќе ја информира јавноста за што точно станува збор во наредните денови.
Свет
Зеленски го отфрли официјално предложениот тридневен прекин на огнот на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли официјално предложениот тридневен прекин на огнот на Владимир Путин за 9 мај. Зеленски, како што објави „Униан“, инсистира на 30-дневен прекин на огнот.
Тој истакна дека „Украина не може да ја гарантира безбедноста на светските лидери во Москва на 9 мај“.
За време на разговорот со новинарите, претседателот на Украина изјави дека „не сака да си игра со кратките примирја предложени од Путин“.
Според него, моделот на примирје од 30 дена е најоптимален, бидејќи е невозможно да се договори нешто за неколку дена.
„Се согласувам со Трамп дека 30-дневното примирје со Русија е вистинскиот прв чекор“, рече претседателот на Украина.