Спорт
„Титулата во Ла Лига треба да се освои на фудбалскиот терен“
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија Луис Рубиалес по серијата на видео-состаноци со УЕФА говорел за потенцијалниот крај на Ла Лига. Тој рекол дека првенството би требало да биде завршено на 30 јуни.
Шоансмото првенство е прекинато поради пандемијата со вирусот КОВИД-19. Во Ла Лига на 11 кола до крајот на сезоната се води жестока битка за титулата и за местата кои водат во Лигата на шампионите и Лига Европа.
Барселона има два поени повеќе од Реал во борбата за титулата и според некои најави постои можност Каталонците да бидат прогласени за шампиони доколку сезоната биде и официјално прекината.
Рубиалес ги негира овие шпeкулации, тврди дека такво сценарио е невозможно.
„Nатпреварувањата мора да завршат до 30 јуни. Титулата мора да се освои на фудбалскиот терен. Нема да има никакви неправди. Сите гласавме за тие предлози. Сите претседатели на националните Сојузи го поддржаа нашиот предлог. Сите тимови очекуваат правично решение. Кога веќе е договорено натпреварувањата да се играат на еден начин тогаш ние не можеме да ги менуваме правилата. Поради тоа на УЕФА и го предложивме ова решение. Во некој момент Ла лига ќе продолжи. Доколку УЕФА бара да го одредиме шампионот и тимовите што ќе играат во европските купови ќе им кажеме дека тоа треба да го изборат на теренот. Сакаме Ла Лига да заврши“, рекол Рубиалес.
Шпанија е држава која се соочува со големи проблеми поради коронавирусот. Според бројот на заразени, 12.000, се наоѓа на четвртото место во светот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Џирона го запре Реал, Барселона се врати на првото место
Реал Мадрид ја продолжи серија без победа во Примера. Во 14-то коло, во Џирона, Реал одигра 1:1 против истоименоот домаќин. Реал во последните три натпревари, три пати ремизираше, поради што и ја препушти лидерската позиција на Барселона. „Кралскиот клуб“ има бод помалку од Каталонците, зад него Виљареал има еден, а Атлетико Мадрид два бода помалку.
Реал Мадрид нема победа во Примера од 1 ноември, кога ја совлада Валенсија со 4:0. Следуваа нерешените резултати со Рајо Ваљекано (0:0) и Елче (2:2) и вечерва со Џирона (1:1).
Килијан Мбапе постигна гол во 40-та минута, но беше поништен поради играње со рака. Џирона брутално одговори пет минути подцна кога од работ на шеснаесетникот, Азедин Унахи го совлада Тибо Куртоа.
Џирона можеше да го дуплира водството во 57-та минута, но Владислав Ванат беше сопрен од белгискиот голман.
Судијата Рикардо де Бургос набрзо досуди пенал за гостите, а стрелец во 67-та минута беше Килијан Мбапе.
Гостите тргнаа со сите сили кон голот на Џирона, се обидоа, но залудно.
Жоел Рока на маки гостави Куртоа во 84-та минута, а Мбапе ја имаше последната шанса на спротивната страна, неговиот удар заврши малку покрај стативата на Паоло Газанига.
Во следната рунда, Реал ќе гостува во Билбао, додека Џирона, која е 18-та со 12 бода, ќе се соочи со Елче.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Нерез го реши Дербито на сонцето
Фудбалерите на Наполи славеа на „Олимпико“ против Рома (1:0), во Дербито на сонцето.
Актуелниот шампион триумфираше во главниот град на Италија, благодарение на голот на Давид Нерес во 36-та минута.
Бразилецот инцираше феноменална контра на Наполитанците, а откако размени додавање со Хојлунд, излезе сам пред Свилар и погоди за 0:1.
Рома се закани преку Лоренцо Пелегрини во 77-та минута, но топката заврши над голот.
Вања Милинковиќ-Савиќ спаси три бода за Наполи, бидејќи спречи незгоден удар на Томасо Балданци во 90-та минута.
Наполи го престигна својот ривал и се израмни на табелата со Милан, двата тима имаат 28 бода.
Рома е подолу со 27 бода, исто колку и третопласираниот Интер, а во следното коло ќе биде домаќин на Каљари. Наполи во наредната рунда ќе игра уште едно дерби, против Јувентус на домашен терен.
Foto/ EPA
Спорт
Навивачите со огномет го прекинаа натпреварот на Ајакс
Последниот натпревар од 14-то коло од холандското фудбалско првенство помеѓу Ајакс и Гронинген беше прекинат во седмата минута по голем огномет од страна на домашните навивачи.
Навивачите го предизвикаа првиот прекин во шестата минута откако запалија голем број факели за да му оддадат почит на еден од нивните навивачи кој почина минатата недела. Судијата Бас Нијхуис ги испрати двата тима во соблекувалните.
По повеќе од 40 минути пауза, натпреварот продолжи, но следеше нов огномет, по што судијата означи крај.
„Повеќе не можам да ја гарантирам безбедноста на играчите. Ова однесување е неприфатливо“, изјави Нијхуис за ESPN.
„Не сакам безбедноста на играчите да ми е на совест. Мора да се преземат мерки бидејќи ова е едноставно лудо“, додаде тој.
Здружението на навивачи на Ајакс се дистанцира од огнометот.
„Силно се дистанцираме од каква било акција што му штети на клубот, а особено од ваква акција, која ја загрозува безбедноста на играчите и навивачите. За жал, добронамерните навивачи и клубот сега страдаат поради тоа“, рекоа тие.
И двата клуба сега ќе мора да почекаат одлуката на Холандската фудбалска асоцијација (KNVB) за тоа кога ќе се игра остатокот од натпреварот и дали воопшто ќе се игра.
Натпреварот веројатно ќе се игра без навивачи на стадионот. Резултатот беше 0:0 кога натпреварот беше прекинат.

