Црна хроника
Мајка и ќерка во изолација во Струмица излегле од станот и почнале расправија со полицијата
Струмичкото Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против мајка и ќерка од Струмица, на возраст од 56 и 35 години, поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата од коронавирус во земјата.
Како што информираат од Обвинителството, мајката и ќерката на 27 и 28 февруари во Струмица, во повеќе наврати, не постапиле според посебните мерки за заштита што им биле определени бидејќи имале престој во Пјаченца, Италија.
Во текот на овие два дена обвинетите во одделни случаи се симнале од станот во кој биле изолирани, при што биле пресретнати од полициски службеници и предупредени да се вратат во живеалиштето и да ги почитуваат мерките.
Мајката и ќерката почнале расправија со полицајците и се спротивставиле на наредбите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Загина возач на патот Ростуше – Дебар, со возилото излетал од патот
Вчера во 18.05 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Ростуше – Дебар, патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(53) од Дебар, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П., кој по укажаната лекарска помош во Општа болница во Дебар им подлегнал на повредите.
Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Пешак загина по удар од товарно возило кај Валандово
Вчера во Полициската станица Валандово било пријавено дека околу 17.30 часот на регионален пат Р 1401, на место викано крстосница „Страиште“, валандовско, товарно возило „ивеко“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(47) од село Удово, валандовско, удрило во пешакот А.Т.(68) од село Казандол, валандовско.
Од здобиените повреди, на местото на настанот починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Валандово.
Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Валандово. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Претрес во Тетово, пронајден кокаин
Вчера во 18.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(35) од Тетово.
При претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и предмети со остатоци од кокаин. Т
Тој, според полицијата е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.