Македонија
Кривичниот суд ќе продoлжи со судење само на итните предмети
Основниот кривичен суд Скопје ги информира граѓаните дека во согласност со препораките на Владата и одлуката на Судскиот совет, судот во следниот период ќе продолжи со судење само на итните и неодложни предмети, односно притворски и кривични предмети со други мерки за обезбедување присуство на обвинетите, кривични предмети за кои постои опасност од застарување, кривични предмети што се во фаза на донесување одлука, како и сите други кривични предмети и обврски опфатени во објавената одлука на Судскиот совет.
„Но, со цел заштита на странките во постапката и судските службеници од ширење на коронавирусот, судот ги известува сите граѓани што имаат добиено писмена или усна покана за судење насрочено во следните 30 дена, дека на влезот од судската зграда од денеска преку посреден контакт со судската полиција, односно преку шалтерот за прием, ќе бидат известени дали предметот за кои се повикани ќе се одржи, а доколку не – кога и како ќе бидат известени за следно судење“, соопшти судот.
Уште еднаш судот апелира до граѓаните и сите адвокати, обвинители, вештаци и сведоци доследно да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките на Владата и доколку не се повикани од судот, непотребно да не влегуваат во судската зграда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

