Свет
Во Иран 103-годишна жена го преживеа коронавирусот

Една 103-годишна жена е излекувана од коронавирусот во Иран, објави државната агенција ИРНА.Таа била хоспитализирана во градот Семнан, околу 180 километри источно од Техеран, јави агенцијата, без да го наведе името на лицето.
Директорот на Здравствениот центар на универзитетот во Семнан наведува дека на жената ѝ било дозволено да ја напушти болницата кога целосно ќе закрепне. Според иранската агенција, ова е уште еден пациент кој е во длабока старост и кој е излекуван.
ИРНА го наведува случајот со маж од Креман, југоисточен Иран, кој преживеал вирусна пневмонија на 91-годишна возраст иако веќе имал проблеми со хипертензија и астма. Сепак, иранската агенција не прецизира на каков третман биле подложени овие пациенти.
Надвор од Кина, каде што беа регистрирани првите случаи на коронавирус кон крајот на 2019 година, Иран е една од најпогодените земји во пандемијата со Ковид-19. Според официјалните бројки, речиси 1.000 луѓе во Иран умреле од вирусот, а повеќе од 16.000 се заразени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Изгоре луксузна јахта во Будва: сопственикот бил на бродот кога избувнал пожарот

Црногорските противпожарни екипи го изгасија пожарот што избувна на јахта во марината во Будва.
Ова за црногорски „Вијести“ го потврди и раководителот на Службата за заштита и спасување на Будва.
Полициската управа соопшти дека околу 20:15 часот, полицијата во Будва била известена од сопственикот на јахта закотвена во пристаништето во Будва дека избувнал пожар додека сопственикот бил на бродот.
Јахтата е во сопственост на бизнисменот Б. М., а полицијата објави дека сопственикот на јахтата рекол дека пожарот најверојатно се случил поради дефект.
Пловилото беше извлечено од пристаништето откако избувна пожарот кратко по 20 часот, за безбеднос на другите бродови. Седум екипи беа ангажирани за гаснење на пожарот.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) 11 повредени во руски напад врз Украина: „Тие сè уште намерно ги таргетираат цивилите“

Руските сили погодија станбена област во Харков со балистичка ракета, при што беа повредени најмалку 11 лица, соопштија украинските власти доцна синоќа.
Едно 13-годишно девојче е меѓу повредените во Харков, вториот по големина град во Украина, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов преку апликацијата за пораки Телеграм.
Харков, кој се наоѓа во североисточна Украина во близина на границата со Русија, е редовна цел на руски напади со беспилотни летала и ракети од почетокот на војната што Москва ја започна во февруари 2022 година.
🇷🇺🇺🇦
🔻Ataque ruso contra Kharkiv🔻Russian attack against Kharkiv pic.twitter.com/kkcQw67PQY
— Ares, Information Service (@Aresinfoservice) August 18, 2025
„Ударниот бран ги скрши прозорците во блиските станбени згради“, објави државната служба за вонредни состојби на Украина на Телеграм, додавајќи дека некои жители морале да бидат евакуирани.
Одделно, регионалните власти соопштија дека 57-годишна жена е повредена во руски воздушен напад врз североисточниот регион Суми, во кој исто така се оштетени најмалку десетина станбени згради и една образовна институција.
„Непријателот продолжува намерно да ја таргетира цивилната инфраструктура во регионот Суми, подмолно, ноќе“, рече гувернерот Олех Хрихоров на Телеграм. Ројтерс не беше во можност независно да потврди какво оружје користела Русија во нападите. Двете страни негираат дека таргетирале цивили во нивните напади, но илјадници луѓе се убиени, од кои огромното мнозинство се Украинци, соопшти агенцијата.
фото: принтскрин
Свет
Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери. Се очекува ден исполнет со дискусии за клучни меѓународни прашања.
Распоред на клучни состаноци
Според објавениот протокол, пристигнувањето на европските лидери во Белата куќа е закажано за 12:00 часот по локално време – 18 часот по македонско време.
Еден час подоцна, во 13:00 часот (19 часот), претседателот Трамп ќе го пречека украинскиот претседател Зеленски, по што нивната билатерална средба ќе започне во 13:15 часот (19:15 часот).
Во 14:15 часот (20:15 часот), Трамп формално ќе ги пречека и европските лидери.
Најважниот дел од денот ќе биде мултилатералната средба со европските лидери, која е закажана за 15:00 часот (21 часот) по локално време.
Кој доаѓа на состанокот со Трамп?
На списокот на оние што ќе учествуваат на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп се наоѓаат:
Британскиот премиер Кир Стармер
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен
Францускиот претседател Емануел Макрон
Италијанскиот премиер Џорџија Мелони
Германскиот канцелар Фридрих Мерц
Финскиот претседател Александар Стаб
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте
Зеленски и неговите сојузници ќе се обидат да се договорат со Трамп за конкретни чекори кон мировен договор со Русија, откако разговорите во Алјаска не доведоа до договор за прекин на огнот.
фото: принтскрин