Забава
(Видео) Боно напиша песна за Италијанците коишто се во карантин

Лидерот на групата „Ју ту“, Боно, ја објави својата прва песна од 2017 година, инспирирана и посветена на Италијанците коишто се во каратин поради пандемијата на коронавирус, пишува „Гардијан“.
Боно на Инстаграм ја објави новата песна Let Your Love Be Known со пораката: „На сите Италијанци кои се инспирирација… на сите Ирци, до сите кои се наоѓаат во тешка состојба, но сепак пеат. До лекарите, медицинските сестри, борците на првата линија, вам ви пееме“.
За песната, веројатно снимена во неговиот дом во Даблин, Боно вели дека ја напишал еден час пред објавувањето.Тој го изведува сам, на пијано.
Стиховите го водат низ напуштените улици во Даблин и зборуваат за изолацијата и стравот предизвикан од ширењето на заразата. Тој очигледно бил инспириран од снимките на изолирани Италијанци кои излегоа на балконите и пееја.
Песната е објавена вчера, на денот на Свети Патрик, патронот на Ирска, чии прослави беа откажани поради коронавирусот и забраната за јавни собири.
„Ју ту“ нема издадено албум од 2017 година.Минатата година и претходната година, тие го обиколија светот по повод триесетгодишнината од објавувањето на легендарниот албум Joshua Tree.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Нова песна на Наташа Малинкова – „Нема правила“

Наташа Малинкова деновиве на јавноста реши да ѝ ја претстави својата нова песна со наслов „Нема правила“. Станува збор за, како што вели, емотивна баладa која допира длабоко и зборува за љубов која не познава и признава граници, која нема логика и, се разбира, ниту правила.
„’Нема правила’ е искрен крик на срцето што сè уште чека, што се буди со спомени и живее и кога љубовта е далеку. Текстот и интерпретацијата ја доловуваат болката, страста, но и надежта што останува во едно срце што љубело длабоко. Во песната доминира чувството дека понекогаш не можеш да го објасниш ниту да го контролираш она што го носиш во себе. Љубовта не следи правила, не се води по план – таа е хаос, сила и убавина во иста мера“, вели Наташа и додава: „Имам само еден живот, една песна – недопеана.“
Комплетен автор на песната која претендира да стане вистински летен хит – инаку уште едно лично, артистичко отворено писмо за сите оние кои некогаш љубеле без објаснување, без услови, само со цело срце, е нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов, во чие студио Аврамов рекордс и е снимена.
Видеото, пак, е со потписот на 351 Студио – екипа која повеќе од една деценија е посветена на креирање визуелно зачудувачки и влијателни креативни решенија. Впрочем, видеото за „Нема правила“ е доказ дека надвор од границите на можеби очекуваното видео парче, а од кои излегува Наташа секогаш има многу повеќе.
Забава
Нивната искреност ќе ве остави без зборови: трите најчесни хороскопски знаци

Искреноста е една од оние квалитети што не може да се одглуми. Некои луѓе едноставно имаат силен внатрешен компас што ги води низ животот, без оглед на околностите или притисоците.
Според астрологијата, постојат хороскопски знаци во кои почесто се раѓаат луѓе кои се држат до вистината, правдата и сопствените вредности, дури и кога тоа не е најлесниот пат за нив.
Таквите луѓе не толерираат неправда, не изневеруваат и не манипулираат – едноставно затоа што тоа не е во нивната природа. Со нив, знаете каде се наоѓате, и тоа е она што ги прави посебни.
Стрелец
Стрелецот е брутално искрен, понекогаш до тој степен што нивната директност може да биде збунувачка. Тие не знаат како да „глумат“, не сакаат игри и не можат да поднесат двосмисленост. Нивната искрена природа произлегува од внатрешната потреба да бидат автентични и верни на себе.
Дури и ако лажењето би им било од корист, тие би ја избрале вистината и би ги прифатиле последиците. Тие веруваат во слободата, но и во моралот – и оваа комбинација ги прави едни од најчесните знаци.
Вага
Вагата се стреми кон рамнотежа, но пред сè – кон правда. Нивната потреба да ги усреќат сите страни не произлегува од слабост, туку од длабоко чувство за фер игра. Искреноста за нив не е само доблест, туку и принцип според кој градат односи и донесуваат одлуки.
Тие тешко се справуваат со лаги, манипулации и дволичност, и често се мачат кога ќе почувствуваат дека некој не игра фер. Лесно е да се чувствувате безбедно во нивно друштво бидејќи знаат како да се стават во туѓа кожа и секогаш бараат решенија што се соодветни за сите вклучени.
Бик
Биковите се познати по својата лојалност и доследност, но малку се зборува за тоа колку се искрени. Тие немаат скриени агенди – она што го кажуваат, го мислат.
Нивниот збор има тежина, а нивните ветувања не се празни фрази. Нивната искреност доаѓа од чувство на стабилност и морално убедување дека е подобро да се спие мирно отколку да се живее во лага. Можеби не се гласни, но се сигурни – и ретко ќе најдете Бик кој намерно ќе ве измами.
Забава
(Фото) „Очајната домаќинка“ блеска на 60 години: го покажа своето лице без ботокс

Прославената актерка Тери Хачер, која публиката ја засака во серијата „Очајни домаќинки“ како Сузан Мејер, ги воодушеви сите со својот изглед.
Актерката неодамна имаше спектакуларен настап на Канскиот филмски фестивал.
Тери покажа дека ништо не може да ги замени гламурот и елеганцијата и дека не мора секогаш да бидете провокативни за да привлечете внимание.
За шоуто Ernsting’s Family во Хамбург таа избра темен син костим со едвај видливи цветни мотиви. Комплетот се состоеше од долго сако и панталони, кои визуелно ја издолжуваа нејзината фигура.
Под сакото носеше едноставна блуза во истата нијанса, а ја комбинира со црни чевли.
Нејзината препознатлива насмевка беше присутна цело време додека трпеливо позира за насобраните фотографи.
Иако многумина претходно шпекулираа дека таа направила некаков вид козметичка корекција, Тери објави фотографија од себе без ниту грам шминка пред повеќе од десет години и истакна дека тоа е нејзиното лице без филери или ботокс и дека го обожава со сите негови несовршености.
И сега беше јасно дека Тери ја цени својата природна убавина и ги прифаќа годините со сите нејзини доблести и недостатоци, и едно е сигурно – таа изгледа одлично.