Македонија
(Видео) Пендаровски прогласи вонредна состојба поради коронавирусот

Претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба на целата територија која ќе трае 30 дена, а со можност да биде прдолжена по предлог на Владата.
Вонредната состојба е прогласена поради справување со ситуацијата со коронавирусот. Имајќи предвид дека Собранието е распуштено и не може да се собере и да донесе одлука, собранискиот спикер Талат Џафери предлогот го проследи до претседателот на државата.
Претседателот кажа дека состојбата во следните денови би можела да биде тешка, па затоа е важно сите да бидеме сплотени и да се придржуваме до владините мерки и препораки. Особено е значајно, истакна Пендаровски, да им се помогне на постарите лица и оние со хронични заболувања.
Во однос на дијаспората, претседателот Пендаровски порача дека е најдобро секој да остане во земјата во која што е, но доколку одлучат да дојдат дома мора да ги почитуваат мерките, а воедно да бидат свесни за можноста за сместување во карантин.
Тој им се заблагодари на сите вклучени во заштитата против коронавирусот.
Ова е првпат во историјата на државата да биде прогласена вонредна состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.