Македонија
Македонските граѓани затечени во странство итно да се пријават за да се вратат дома, порача Димитров
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ги повика сите наши државјани кои во моментов се во странство, посебно оние кои немаат регулиран престој, итно да се пријават во нашите дипломатско-конзуларни претставништва доколку сакаат да се вратат дома.
„Почитувани македонски граѓани кои во моментов сте во странство, посебно вие кои немате регулиран престој и поради вонредно тешките околности насекаде, откажани летови и затворени граници, немате начин како да се вратите дома, во татковината. Се обидуваме да најдеме правилен начин да ви помогнеме да се вратите, но секој сериозен напор, претпоставува точни информации.На пример, има наводни информации за 150 граѓани затекнати во Барселона, додека во овој момент во Амбасадата на Северна Македонија во Мадрид има само 16 пријавени. Затоа, ве замолувам ажурно да се пријавите во дипломатско-конзуларните претставништва во земјата каде сте затекнати, или во најблиското ДКП доколку таму немаме мисија. Адресите на е-пошта на претставништвата се достапни на сајтот на МНР тука https://mfa.gov.mk/. Ако го отворате на мобилен телефон видете подолу на сајтот“, соопшти попладнево министерот за надворешни работи.
Во претставништвата секој што сака да се врати дома потребно е да остави име и презиме, број на патна исправа, контакт-телефон, земја и град каде се наоѓа и да наведе дали има регулиран престој во која било странска држава.
„Бидејќи ќе правиме пресек на состојбата за 24 часа, ве замолувам тоа да го сторите до 17 часот, четврток, 19 март. Ќе направиме сè што можеме, водејќи сметка и за државниот интерес да се грижиме за македонските државјани затекнати во тешка ситуација во странство и за државниот интерес да се чува здравјето на нацијата дома“, соопшти министерот Димитров.
Вечерва и претседателот на државата, Стево Пендаровски, откако прогласи вонредна состојба испрати порака до сите граѓани надвор од земјата.
„Најпаметно е да останете во земјата во која сте, според препораките на Светската здравствена организација. Доколку сепак решите да се вратите дома, добредојдени сте, но треба да знаете дека мора да ги почитувате сите мерки пропишани од надлежните институции, а тоа значи и можноста да бидете сместени во карантин“, рече претседателот Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

