Спорт
„Земјата се брани од луѓето што мислат дека сѐ можат и сѐ знаат“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија Јоаким Лев има свое мислење зошто на светот му се случил коронавирусот.
Според освојувачот на светската титула со Германија во 2014 година пандемијата со вирусот КОВИД-19 е знак дека планетата Земја се брани од модерното општество. Истакнал дека ова треба да биде повик за будење на луѓето кои ги интересираат само моќта и профитот.
„Светот доживеа колективно согорување. Чувствувам дека Земјата се брани од луѓето што мислат дека сѐ можат и сѐ знаат“, рекол Лев.
Тој ја поздравил одлуката за одложување на Европското првенство и пријателските натпревари истакнувајќи дека „приоритет се здравјето и безбедноста на луѓето“.
Лев ги осудил и политичарите поради нивните популистички изјави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Нула бодови за тимовите кои ќе одиграат 0:0“

Поранешниот шпански репрезентативец Џерар Пике има идеја како да ги направи натпреварите уште поатрактивни за навивачите.
Поранешниот фудбалер на Барселона во подкастот на Икер Касиљас даде предлог дека на тимовите кои ќе одиграат натпревар без голови да не добијат по еден бод. На тој начин, рече, ќе бидат казнети за таквиот пристап.
Тој додаде дека е апсурдно навивачите да трошат стотици евра за да дојдат на натпревар, а потоа да гледаат два тима како играат меч без голови.
Затоа, тој смета дека таквиот резултат треба да биде соодветно „награден“ – со нула бодови за двете екипи.
„Не е во ред да се трошат 100, 200 или 300 евра за билет, а натпреварот да заврши 0-0. Нешто мора да се промени. Една идеја е дека ако натпреварот заврши без голови, ниту една екипа не добие бод. Тоа секако би имало влијание мечот да биде отворен најмалку 70 минути”, смета Пике.
Спорт
Аморим: Одлуката да го заменам Гарначо нема врска со случајот со Рашфорд

Нов конфликт во Манчестер Јунајтед или одмрзнување на стариот. Рубен Аморим го замени Алехандро Гарначо на полувремето против Ипсвич, поттикнувајќи ја старата приказна дека Португалецот и Аргентинецот навистина не се согласуваат.
Аморим, пред два месеци не го вклучи Гарначо во протоколот против Манчестер сити, тогаш во составот не беше и Маркус Рашфорд. Тренерто се правдаше дека овие двајца не се ангажирале доволно на тренинзите.
Синоќа, кога на полувремето го извади Аргентинецот од игра, а Гарначо наместо на клупата замина директно во соблекувалната, приказната повторно им стана интересна на англиските медиуми. Маркус Рашфорд веќе не е во Манчестер јунајтед, се пресели на позајмица во Астон Вила.
„Правите врска со Рашфорд, нели? Знам, знам… Прво ќе морам да разговарам со Гарначо. Значи, ако сакате, ќе разговараме за тоа на следната прес-конференција. Но, морам да кажам дека беше влажно и студено“, рече Аморим.
Манчестер јунајтед по голема борба и пресврт го совлада Ипсвич со 3:2 на „Олд Трафорд“.
Спорт
Слот: Не ми се допаѓа работната етика на Дарвин

Ливерпул продолжува да маршира кон титулата во Премиер лигата, но напаѓачот Дарвин Нуњез се повеќе го „троши кредитот“ кај тренерот Арне Слот.
Уругваецот, кој е вториот најплатен играч на Ливерпул, на теренот не го оправдува она што клубот го вложува. Она што првенствено се истакнува како негова слабост се пропуштените шанси во текот на натпреварите, но холандскиот тренер го критикува и за други работи.
„Му помогнав со тоа што му кажав дека може да промаши шанса се додека се труди. Но, неговата работна етика веќе некое време не ми се допаѓа. Не можам да прифатам дека играчот не дава се од себе. Можам да прифатам еднаш, но два пати е премногу. Ако промашите шанса, треба да се борите за тимот“, рече Слот.
Против Манчестер сити, Дарвин не играше, го преседе натпреварот на клупата за резерви, а против Њукасл ги одигра само последните четири минути. Оваа сезона постигна четири гола со две асистенции.