Македонија
Дескоска: Гласањето за вонредна состојба беше најтешкaта одлука во мојот живот
Министерката за правда Рената Дескоска вели дека одлуката за воведување вонредна состојба била една од најтешките во нејзиниот живот. Една ноќ по воведувањето на вонредната состојба Дескоска вели дека се е исто како и претходно, само Владата има можност да носи уредби со законска сила.
„Вчера кога гласавме за давање предлог за воведување вонредна состојба, верувајте тоа беше една од најтешките одлуки за кои досега сум гласала во мојот живот. Не можев ни да претпоставам дека ќе живееме во вонредна состојба но истиот момент бев уверена дека таа одлука е државничка, дека е одлука која всушност ќе помогне да ја надминеме ситуацијата во која што се наоѓаме. И што поскоро да се вратиме на нормалните текови на нашиот живот“, рече министерката Дескоска.
Таа нагласи дека прогласувањто на вонредната состојба не значи автоматка забрана за движење, не значи полициски час и затворање продавници. Разликата е само во тоа што Владата има поголеми надлежности за справување со кризата.
Дескоска објасни предвидена е и можност за ограничување на движењето, но ограничувањето не смее да се однесува на правото на живот ниту пак да има дискриминација по било кој основ
„Нашата заложба е ограничувањата да бидат минимални и да се воведат само ако е нужно. Колку повеќе се придржуваме до мерките толку полесно ќе поминеме“ рече министерката Дескоска и апелираше граѓаните да ги почитуваат веќе воведените мерки на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

