Контакт

Вести

Њујоршката тетка на Ким раскажа каков бил во детството

Објавено пред

Тетката на челникот на изолираната комунистичка Северна Кореја, Ким Џонг-Ун, живее анонимно во Њујорк каде што управува со фирма за хемиско чистење откако побегнала во 1998 година пишува весникот The Washington Post за кого таа првпат се согласи да прозбори.

dobivaj vesti na viber

Шеесетгодишната Ко Јонг-Сук, која живее со сопругот Ри Ганг и нивните три деца, два сина и ќерка кои добиле солидно универзитетско образование и градат сопствени кариери под нови имиња, е сестра на Ко Џонг-Хуи, една од сопругите на покојниот севернокорејски челник Ким Џонг-Ил и мајка на Ким Џонг-Ун. Двојката која била блиска на комунистичкото раководство на Северна Кореја била испратена во Швајцарија да се грижи за членовите на семејството на севернокорејскиот челни, меѓи кои и Ким Џонг-Ун, во текот на нивното образование во оваа европска земја.

„Не правеше проблеми, но лесно се лутеше и имаше недостиг од толеранција. Кога неговата мајка се обидуваше да го прекорува, бидејќи премногу игра и малку учи, не возвраќаше, но протестираше на други начини, како на пример со одбивање да јаде“, вели Ко.

Според Ко, Ким Џонг-Ун е роден во 1984 година, а не во 1982 или 1983 година, кога и нејзиниот најстар син, како што се смета. Што значи дека имал само 27 години кога во 2011 година го наследи својот татко Кон Џонг-Ил на чело на Северна Кореја, продолжувајќи го владеењето комунистичката династија Ким.

Таа и нејзиното семејство одат во Швајцарија кога внукот е запишан во еден од тамошните интернати, на 12-годишна возраст.

Според описот на Ко, Ким Џонг-Ун може да се претстави како „човек кој е воспитуван така што знаел дека еден ден ќе стане владетел“. Ким уште во 1992 година знаел дека е замислено да го наследи својот татко на чело на земјата. Сигналот стигнал уште на неговиот осми роденден кога како подарок добил генералска униформа, а високата севернокорејска воена хиерархија му се поклонувала и од тогаш постојано му искажувала почит, вели тетката.

„Живеевме во нормален дом, и имавме нормално семејство. Им бев (на Ким Џонг-Ун и на неговиот постар брат Ким Џонг-Чол) како мајка. Го поддржував во тоа дома да го носи другарите, бидејќи сакавме тие да живеат со нормален живот. Им готвев, тие јадеа колачи и играа со „Лего“ коцки“, ја цитира WP Кон Јонг-Сук.,

Тетката раскажува како со својот внук патувала во паркот „Дизниленд“ во Париз, а пред тоа Ким Џонг-Ун со мајка си го посетил токискиот „Дизниленд“. Покрај тоа, идниот севернокорејски лидер со семејството скијал на Алпите, ги минувал летните одмори на француската Ривиера, и обожувал италијански ресторани.

Според Ко, младиот Ким обожувал да игри и го интересирала техниката обидувајќи се да дознае „зошто бродовите пловат а авионите летаат“. Покрај тоа, во текот на образованието „почна да игра кошарка и стана опседнат со неа“. Негов идол бил славниот американски кошаркар Мајкл Џордан. Во текот на летата Ким Џонг-Ун сакал да ја посетува татковината, пишува натаму весникот.

Не е познато кога Ко точно дезертирала во САД, каде што пристигнала со сопругот откако биле претставени во американската амбасада во Берн. Весникот забележува дека тие „паднале во продолжената рака на CIA“, и оти и по 18 години остануваат „вреден извор на информации“ за Северна Кореја.

По неколкумесечно испитување, повторно се сместени во САД „неколку часа возење далеку од Њујорк“ каде започнале нов живот под нови имиња и отвориле компанија со финансиска помош на CIA од 200.000 долари. Ко и сопругот биле интервјуирани од новинари на The Washington Post во „нивната куќа во сојузната држава Њујорк“ и тоа е првпат да проговорат за некој медиуми по доаѓањето во САД пред дваесет години.

Иако двојката соработувала со CIA, сопругот Ри Ганг, тврди дека не издале ниедна тајна доаѓајќи во САД. „Мислеа дека мораме да знаеме тајни, но ништо не знаевме, Ние се грижевме само за децата и им помагавме во учењето“, вели Ри./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 минути

(Видео) Студенти: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија27 минути

Околу половина час се чека на Богородица и Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија38 минути

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ11 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија13 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија13 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија14 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија17 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија18 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ19 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ20 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион23 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа23 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа24 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет1 ден

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет1 ден

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет1 ден

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет1 ден

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија1 ден

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија1 ден

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...