Спорт
Премиер лигата донесе нови мерки – без фудбал до мај
Челниците на Премиер лигата и клубовите во четвртокот одржале состанок. Решиле сезоната да продолжи на 30 април, а не на 4 април како што беше претходната одлука.
Покрај во Премиер лигата фудбал нема да се игра ниту во едно професионален фудбалски шампионат во Англија.
„Обединети сме во напорите да најдеме начин да ја продолжиме сезоната 2019/2020. Ќе продолжиме кога ќе биде безбедно“, се наведува во соопштението што го објави Премиер лигата.
Во соопштението пишува и дека Премиер лигата ја поддржува одлуката Европското првенство да биде одложено за 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баркли: Јокиќ е најдобриот странец на сите времиња во НБА
Легендата на НБА, Чарлс Баркли многу го почитува центарот на Денвер, Никола Јокиќ.
И додека се очекува српскиот кошаркар по третпат наскоро да биде прогласен за МВП во НБА караванот, Баркли го пофали Јокиќ како гостин во подкастот на Шенон Шарп.
Долго време се сметаше дека Германецот Дирк Новицки е најдобар странец во НБА, но Баркли мисли поинаку.
„До доаѓањето на Јокиќ, Дирк беше најдобриот странец во историјата на НБА“, вели Баркли.
Инаку, Новицки, кој доживеа ѕвездени моменти со Далас, има по една титула и едно МВП признание.
Спорт
Васкес ќе го продолжи договорот со Реал
Реал Мадрид речиси сигурно ќе го продолжи договорот со Лукас Васкез.
Реал ги прекина преговорите за нови договори до крајот на сезоната, бидејќи се очекува тимот да играа во финалето на Лигата на шампионите. Тимот оваа сезона ја освои титулата во Примера и игра во полуфиналето на Лигата на шампионите.
На многу играчи им истекуваат договори на крајот од сезоната и тренерот Карло Анчелоти треба да донесе одлука за составот за следната сезона, а како што пренесоа денеска шпанските медиуми, тренерот сака Васкез да остане уште една година.
Фудбалерот и управата сакаат соработката да продолжи, а Васкез се истакна со своите настапи во претходните недели.
Васкез ќе наполни 33 години во јули и е подготвен за 10-та сезона во Реал Мадрид, а двете страни се блиску до договор.
Се очекува Начо Фернандез и Лука Модриќ да го напуштат Сантијаго Бернабеу.
Спорт
Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер ќе отсуствува три недели поради повреда на мускулот.
Мегваер се повреди на тренинг, има шанса да игра во финалето на ФА Купот, а како што денеска објави „Скај Спортс“, се очекува да биде подготвен за Европското првенство.
Финалето на ФА Купот меѓу бранителот на титулата Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе се одигра на 25 мај во Лондон.
Европското првенство е закажано од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг има големи проблеми во последната линија на тимот, бидејќи се повредени Рафаел Варан, Лисандро Мартинес и Виктор Линделоф.
Дефанзивецот Џони Еванс се врати на тренинзите но неизвесно е дали ќе биде во составот за натпреварот вечерашниот напревар Кристал Палас.