Македонија
Николовски: Во написот на канцеларијата на ООН во Скопје никаде не стои името на ВМРО-ДПМНЕ ниту моето име

Ја разбирам нервозата во СДСМ и фактот што ситуацијата им бега од контрола, но не ја разбирам потребата да лажат, натсихронизираат и додаваат. Тоа што така бурно реагираат значи само едно, дека сме погодиле во центарот, реагира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на соопштението на СДСМ во кое е наведено дека ООН јавно ги демантирале лажните вести на Николовски и ВМРО-ДПМНЕ, кои бесрамно, крајно неодговорно, ги ширеле среде најголемата глобална пандемија со коронавирусот.
„А каква е вистината: во написот на социјалните мрежи на локалната канцеларија ООН во Скопје никаде не стои името на ВМРО ДПМНЕ ниту моето име, а речиси секаде низ медиумите под контрола на власта ќе прочитате наслов-ООН го демантираше Николоски. Тоа е нивното разбирање на слободата, но не и на останатиот демократски свет.
А еве каква е вистината, мерките не се доволно рестриктивни, тоа не го кажуваме ние, тоа го кажуваат Обединетите нации. Согласно јавно достапните електронски податоци од Обединетите нации кои се собираат преку нивните надлежни агенции, Македонија е карактеризирана во земји кои немаат јасни ограничувања во однос на приемот на лица од други држави. На крајот дека ова е вистина, а владата неспособна, за жал, го кажуваат и бројките“, вели Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Средба меѓу Сиљановска-Давкова и директорот на Агенцијата за иселеништво: иселениците најчесто се жалат на проблеми со бирократските бариери и комплицираните процедури за документи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов.
На средбата, директорот ја информираше претседателката за организацијата на Агенцијата и за човечките ресурси во неа, како и за преземените и планираните активности, неопходни за унапредување на односите и соработката со нашите иселеници и нивните различни иселенички организации.
Тој истакна дека Агенцијата остварува интензивна соработка со импозантна иселеничка мрежа од 700 црковни, спортски и културно уметнички иселенички организации, што изразуваат силен интерес за средби со неа и со други највисоки претставници на државата, како неопходен механизам за зајакнување на односите со татковината.
Горан Ангелов укажа дека иселениците најчесто се жалат на проблемите врзани за бирократските бариери и долгата и комплицирана процедура за добивање македонски пасоши и други документи, важни за остварување на нивните граѓански права во татковината. Истите, според него, може да се надминат преку поактивно и попосветено излегување во пресрет на вработените во македонските амбасади и конзулати, од една страна, но и преку отворање канцеларии во општините од кои потекнуваат за низа акти и документи, од друга.
Во разговорот се потенцираше потребата од обезбедување наставни помагала за изучување на македонскиот јазик во дијаспората. Според регистарот на Агенцијата за иселеништво, има 76 наставнички по македонски јазик низ светот, кои изразиле голема потреба од унифициран учебник по македонски јазик по кој би предавале, со кој би ги замениле постојните работни тетратки што сами ги креирале и отпечатиле.
Претседателката укажа дека одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик е вистинско време и повод за промоција и поттикнување на изучувањето на македонскиот јазик од младите луѓе во дијаспората.
Таа, за оваа цел, со задоволство ја прифати поканата за покровителство на „Летната школа за македонски јазик“ за деца од дијаспората, на возраст од 12-16 години, што ќе се оддржи во август во Охрид.
На крајот, со директорот Горан Ангелов сподели идеја за доделување награди на најуспешните и најреномираните нашинци од дијаспората во сферата на науката, културата, бизнисот, спортот, како и за нужноста од изработка на „Дигитален регистар на најуспешните во дијаспората“ во соработка со Владата, МАНУ, универзитетите, амбасадите и други субјекти, заради евиденција на нашиот највреден социјален капитал надвор, како и за нивен ангажман во татковината!
Македонија
СДС и Филипче се на иста линија со мегафонот Ордановски кој упати низа навреди кон Џеј-Ди Венс, Трамп и Америка, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Како што истакнуваат од владејачката партија, СДС и Венко Филипче немаат идеја, креативност, визија ниту пак стратегија како за сопствената партија така и за државата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, безидејноста на СДС и Филипче е до тој степен што се свртена кон политиките на Левица.
„СДС и Венко Филипче не се оградуваат од ставовите на нивниот гласноговорник Сашо Ордановски.
СДС и Филипче не се оградуваат од апологетот Ордановски кој смета дека Трамп е криминалец и е контра Трамп и Америка.
СДС и Филипче ги поддржуваат ставовите на мегафонот Ордановски.
СДС и Филипче се против унапредување и развој на односите со стратешките партнери на Македонија како што е САД.
Секоја меѓународна активност во насока за развој на Македонија, мегафоните на СДС и Филипче како Ордановски малициозно се обидуваат да ја омаловажат“.
Додаваат дека додека СДС и Филипче се заглавени во сопствените лавиринти и тонат се подлабоко во политичкото мочуриште, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски има јасна цел, визија и стратегија за економски развој и унапредување на односите со стратешките партнери на Македонија како САД.
Македонија
Денеска ќе му ги предадеме документите на Мицкоски за скандалот со Меџити, најави СДСМ

СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска во 11 часот, во Владата на Република Северна Македонија ќе му достави документи на премиерот Христијан Мицкоски за скандалот со Меџити.
„СДСМ чувствува одговорност да реагира веднаш откако премиерот Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“, велат од партијата.
Од СДСМ најавија и изјава пред зградата на Владата пред да ги предадат документите.