Свет
СЗО извести за рапидно глобално ширење на Ковид-19

До 19 март 209.839 луѓе во светот се заразени со новиот коронавирус (Ковид-19), а починале 8.778 лица, информира Светската здравствена организација (СЗО) во својот дневен извештај за состојбата, пренесува ТАСС.
Организацијата посочи на брзото ширење на болеста, при што бројот на заразени лица се зголеми 100.000 во изминатите 12 дена.
„Бројот на потврдени случаи во светот надмина 200.000. Потребни беа три месеци за да се достигнат првите 100.000 потврдени случаи, а само 12 дена да се достигнат следните 100.000“, се вели во билтенот.
СЗО објави дека во изминатите 24 часа бројот на зарази со Ковид-19 во светот се зголеми за 16.556, а бројот на пријавени смртни случаи се зголеми за 828. Најголем број случаи на коронавирус се документирани во Западниот Пацифичкиот Регион (92.333 зарзени , 3.377 смртни случаи).
Во Европа има 87.108 потврдени случаи со Ковид-19 и 4.084 потврдени смртни случаи, со дневно зголемување од 10.221 заразено лице и 591 смртен случај.
Кон крајот на декември 2019 година кинеските власти ја известија СЗО за појава на претходно непозната пневмонија во градот Вухан, централна Кина. На 11 март СЗО официјално ја карактеризира ситуацијата со новиот коронавирус Ковид-19 како пандемија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Ненадејна снежна бура на Монт Еверест, стотици планинари чекаат да бидат спасени

Стотици планинари заробени од снежна бура во близина на источната страна на Монт Еверест во Тибет се успешно спасени и однесени на безбедно место, објавија синоќа кинеските државни медиуми.
Невообичаено обилни снежни врнежи и дожд ги погодија Хималаите, а до недела, 350 планинари стигнаа до населбата Куданг, додека со преостанатите 200 беше воспоставен контакт, објавува CCTV и известува CNN.
Планинарите се собраа во голем број во оддалечената долина Карма, која води до источната страна на Еверест позната како Кангшунг, искористувајќи го осумдневниот празник на Националниот ден во Кина.
„Беше толку влажно и ладно во планините, а хипотермијата беше вистинска опасност“, рече Чен Гешуанг, член на тимот од 18 члена што пристигна во Куданг. „Времето оваа година не е нормално. Водичот рече дека никогаш не се сретнал со такво време во октомври. Сè се случи одеднаш“, додаде Чен во изјава за „Ројтерс“.
Стотици локални жители и спасувачки екипи беа зафатени со чистење на снегот што го блокираше пристапот до областа каде што, според претходен извештај на државниот медиум Jimu News, беа заробени речиси 1.000 луѓе.
Извештајот на CCTV не прецизираше дали бројот на спасени лица вклучува локални водичи и помошен персонал. Исто така, останува нејасно дали бурата ги погодила и алпинистите на северната страна на Еверест. Оваа страна, поради полесниот пристап по асфалтиран пат, е популарна кај туристите, а октомври е шпицот на сезоната бидејќи времето обично се стабилизира по завршувањето на индискиот монсун.
Според локалниот туристички одбор, продажбата на билети и пристапот до целата област на Еверест се прекинати од саботата навечер.
Европа
(Видео) Украински дрон нападна рафинерија на 1400 километри од границата: Русите пукаа, но залудно

Украински дрон ја погоди рафинеријата Орск (Orsknefteorgsintez) во регионот Оренбург, објавија украинските канали на Телеграм. Рафинеријата се наоѓа на околу 1.400 километри воздушна линија од украинската граница.
Голема руска рафинерија
Рафинеријата има капацитет за преработка од приближно 6,6 милиони тони нафта годишно. Фабриките произведуваат бензин, дизел гориво, керозин за авијација, масло за греење, битумен и мазива.
The Orcs in Orsk, Orenburg Oblast 🇷🇺 filming the moment our BEAUTIFUL drones destroy yet ANOTHER oil refinery 😍🔥 pic.twitter.com/kdp7E2qjzZ
— Richard Woodruff 🇺🇦 (@frontlinekit) October 3, 2025
Русите се обидоа да го соборат дронот, но безуспешно
Анализата на фотографиите и видеата покажува дека нападот е извршен од беспилотни летала AN-196 „Љути“. Според геолокираните материјали, погодена е хидропреработувачката единица LCh-24-2000 за бензин и дизел, модернизирана во 2014 година за подлабоко прочистување на горивото и усогласување со новите еколошки стандарди, пишува украински блогер.
Orcs treated Lutyi’s arrival like a village festival 🫡#Orsk pic.twitter.com/I4wsCvORCi
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 3, 2025
Објавената снимка прикажува украински дрон кој руските ад хок противвоздушни единици безуспешно се обидуваат да го соборат со полуавтоматско оружје.
фото: принтскрин
Европа
Мерц: Треба да ја бојкотираме Евровизија ако Израел биде исклучен

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Германија треба да се повлече од следниот Евровизиски натпревар во Виена доколку Израел биде исклучен.
На прашањето во интервју за АРД дали Германија треба доброволно да се повлече од настанот, конзервативниот политичар одговори: „Би го поддржал тоа. Мислам дека е скандал што воопшто се дискутира за тоа. Израел припаѓа таму.“
Земји од Европа и пошироко ги поднесуваат своите песни за Евровизискиот натпревар, а настапите ги оценува национално жири и јавно гласање. Притисокот врз организаторите на натпреварот расте со недели, а неколку радиодифузери, вклучувајќи ги и оние од Шпанија, Ирска и Холандија, се закануваат дека ќе се повлечат доколку на Израел не му биде забрането учество, наведувајќи ја воената акција на земјата во Појасот Газа.
Националните радиодифузери играат централна улога на Евровизискиот натпревар, со оглед на тоа дека официјални претставници на нивните земји во рамките на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), се одговорни за изборот на нивните учесници, координирање на преносите во живо и надгледување на процесот на гласање.
ЕБУ кон крајот на минатиот месец изјави дека ќе одржи онлајн состанок на сите членови во ноември за да гласаат за учество на натпреварот во 2026 година. Следниот Евровизиски натпревар треба да се одржи во Виена во мај 2026 година. Големи јавни протести против учеството на Израел на Евровизискиот натпревар се случија оваа и минатата година.
фото: принтскрин