Спорт
Дини: Нема да биде праведно доколу не ја завршиме сезоната

Капитенот на Вотфорд, Трој Дини, истакнал дека челниците на Премиер лигата мора да најдат праведно решение првенството да заврши. Дини потенцирал дека доколку сезоната биде поништена, на Ливерпул ќе му биде нанесена голема направда.
Ливерпул со натпревар повеќе има 25 поени повеќе од Манчестер сити. Потребни му се уште шест бода за и математички да ја обезбеди првата титула по формирањето на Премиер лигата. „Црвените“ шампионски трофеј во лигата немаат веќе три децении.
Првенството е суспендирано, можно е да продолжи на 30 април. Доколку првенствотото не продолжи, постои предлог да биде поништена целата сезона, што значи дека Ливерпул ќе остане без веќе освоената титула.
„Тоа за овој тим би бил голем удар. Мислам дека сите сакаат тој да го освои трофејот. Оваа сезона сите од тимот беа неверојатни. Не знам како и кога, но оваа сезона мора да заврши за да бидеме праведни кон сите“, рекол Дини.
Инаку, Вотфорд досега му го има нанесено единствениот пораз на Ливерпул во Премиер лигата. На 29 февруари Вотфорд победи со 3:0, а Дини го постигна третиот гол за својот тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ренџерс добија засилување од Борнмут

Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс.
Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи.
Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти.
Во првата сезона, тој одигра 20 натпревари за „црешите“, но во наредната сезона одигра само три натпревари.
Спорт
Ал Наср го отпушти Сетфано Пиоли

Италијанецот Стефано Пиоли повеќе не е тренер на саудискиот фудбалски клуб Ал Наср.
„Пиоли и неговите соработници повеќе не се во тренерскиот штаб на првиот тим“, се вели во соопштението на Ал Наср.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Пиоли ќе се врати во Италија и ќе ја преземе Фиорентина.
Тој ја водеше Фиорентина две сезони, до 2019 година, а потоа пет години го водеше Милан, со кого ја освои титулата во Серија А. Тој го напушти Милан на крајот од сезоната 2023/24 и го презеде Ал Наср неколку месеци подоцна, кога Луис Кастро беше отпуштен.
Договорот на играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, со клубот истекува во понеделник, но јасно е дека Португалецот ќе ја продолжи соработката.
Ал Наср не бил шампион од 2019 година, а откако Роналдо пристигна пред две и пол години, клубот смени три тренери.
Тимот го освои третото место во првенството оваа сезона и ќе игра во Азиската Лига на шампиони.
Спорт
Хендерсон се договорил со Нотингем Форест

Џордан Хендерсон ќе биде првото засилување на Нотингем Форест во летниот преоден рок.
Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Ливерпул постигна принципиелен договор со „шумарите“. Наскоро ќе потпише двегодишен договор.
Хендерсон се враќа во Премиер лигата по три години. Претходно играше за Ал Етифак во Саудиска Арабија и Ајакс.