Контакт

Регион

Унгарија ќе гради уште една ограда на границата со Србија

Објавено пред

Унгарија планира да изгради уште една ограда на јужната граница со Србија за да спречи влез на мигрантите, изјави во петок унарскиот премиер Виктор Орбан.

dobivaj vesti na viber

Тој изјави дека новата ограда, којашто ќе биде изградена покрај веќе постоечката, ќе ја зајакне одбраната за да се спречи евентуален прилив на стотици илјади луѓе доколку се промени турската политика кон мигрантското прашање.„Во тек се технички подготовки за подгање на обемниот одбрамбен систем покрај веќе постоечката линија на одбраната којашто беше изградена минатата година“ изјавил Орбан за радио станицата „Кошут“.Британската агенција Ројтерс, којашто ја пренесува изјавата на Орбан, наведува дека подигнатата ограда со Србија и Хрватска значајно го намалила приливот на мигранти. Орбан вели дека Унгарија мора да се подготви во случај да пропадне договорот меѓу Турција и Европската унија и истакна дека новата ограда ќе биде изградена со помош на најмодерна технологија. „Ако не може со убаво, ќе мораме да ги запеме со сила и тоа и ќе го направиме“ порача Орбан. Унгарија, како што најави Орбан, ќе го засили и присуството на полицијата од 44.000 на 47.000 полицајци, од кои 3.000 постојано ќе бидат распордени на јужната граница.Според него, во интерес на Европа е да соработува со Турција и да се постигне договор за прашаањата за европската безбедност. „Земјите од централна Европа би требало да ги здружат силите и да ја заштитат српско-македонската и македонско – грчката граница. Со европска помош може да се обезбедат и надворешните граници на Грција“, изјавил Орбан.Во текот на денот Орбан, заедно со премиерите на централноевропские земји и членовите на „Вишеградската група“, ќе се состанат во Варшава со германската канцеларка, Ангела Меркел. Орбан вели дека задача на политичарите е да ја променат одлуката на ЕУ за распределабата намигрантие по земјите по принципот на квоти. „Прашање е дали Ангела Меркел има волја заедно со нас да ја измени оваа погрешна политика на Брисел“, додаде Орбан./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Тинејџерка во Ровињ пријавила дека била силувана: отишла на државно натпреварување, била нападната во текот на ноќта

Објавено пред

Хрватската полиција започна истрага откако малолетнича пријавила силување кое наводно се случило ноќта на 7 мај во станбениот комплекс во Истра каде што се одржувал државниот натпревар за средношколци.

dobivaj vesti na viber

Според „Јутарњи лист“, случајот го води Личко-Сењската полиција, со оглед на локацијата каде што е примена пријавата. Малолетничта пријавила силување во присуство на возрасен член на семејството, врз основа на што полицијата направила записник и веднаш започнала со преземање на други службени дејствија.

По анонимна дојава од загрижени родители според написите на „Јутарњи лист“ тие побарале итна истрага поради овој случај, бидејќи веруваат дека силувањето се случило поради небрежност на возрасните кои ги придружувале учениците на државниот натпревар.

Во писмото, тие ги наведуваат имињата на лицата (образовните работници) за кои сметаат дека не презеле основни мерки за заштита на малолетниците, односно ги оставиле без надзор во текот на ноќта.

Според нивните информации, настанот се случил помеѓу 00:30 и 03:30 часот, а околу 16:00 часот малолетничката се јавила кај својата пријателка и ѝ кажала што се случило.

Во тек е серија интервјуа, со оглед на големиот број луѓе кои дознале за случајот бидејќи се појавила паника и нервоза кај децата и родителите. Клучни ќе бидат наодите од гинеколошкиот преглед на жртвата, по што полицијата ќе го испраша осомничениот млад човек, пренесува медиумот.

Кога ќе заврши кривичната истрага, полицијата ќе поднесе извештај до надлежното државно обвинителство врз основа на собраните информации.

Прикажи повеќе...

Регион

Додик: Кога историјата се препишува, жртвите стануваат џелати, а ослободителите криминалци

Објавено пред

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека се гордее на фактот што Српска денес стои рамо до рамо со Русија во борбата против заборавот посочувајќи дека ревизионизмот не е само опасност за историјата туку и опасност за сегашноста и иднината бидејќи ако дозволиме вистината да се промени, што нè спречува повторно да станеме жртви.

dobivaj vesti na viber

Додик го изјави ова во колумна за бањалучкиот „Глас Српска“ по враќањето од Москва, каде што присуствуваше на парадата по повод Денот на победата над фашизмот, каде што, како што истакнува, Република Српска е препознаена како горд, достоинствен, цврст и искрен меѓународен актер.

„И таму, на Црвениот плоштад, стоев рамо до рамо со оние што знаат што значи да се бориш и да умреш за слобода“, изјави Додик истакнувајќи дека Република Српска е пречекана во Москва како пријател и дека се гордее што е под нејзиното име и што Република Српска има свое место меѓу оние што се бореле против фашизмот и кои денес стојат зад вистината.

„Советскиот Сојуз направи незамисливи жртви. Повеќе од 27 милиони луѓе загинаа за време на Втората светска војна. Да, 27 милиони. Тоа се повеќе жртви отколку Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција заедно. Тоа е бројка што сведочи за тоа колку Русите ја платија цената за слободата на светот. Гледајќи ја парадата, се сетив на тие жртви. Се сетив дека без нив можеби немаше ни да постои денешна Европа, можеби немаше ни да постои слободата што ја земаме здраво за готово денес“, рече Додик.

„Двајца од тројцата најголеми светски лидери – Владимир Путин и кинескиот претседател – покажаа дека се искрени пријатели на Република Српска. И во време кога светот минува низ големи промени, кои може да се споредат само со оние по победата над нацизмот, Република Српска има пријатели на силни места. Пријатели што знаат што значи да се бориш против хегемонијата, против препишувањето на историјата и вистината“, рече претседателот на Република Српска.

Ревизионизмот, истакнува тој, не е само опасност за историјата – тој е опасност за сегашноста и иднината.

„Затоа што ако дозволиме вистината да се промени, што нè спречува повторно да станеме жртви? Ако историјата се препишува, тогаш жртвите стануваат џелати, а ослободителите криминалци. Затоа денес, со ова искуство од Москва, велам: Нема да заборавиме. Нема да дозволиме да ни ја одземат вистината за нашата борба против фашизмот. Нема да заборавиме 27 милиони Руси и стотици илјади Срби, кои ги дадоа своите животи за слобода“, изјави Додик.

Прикажи повеќе...

Регион

Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Објавено пред

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени го погоди островот Крит во Грција во средата, објави ЕМСЦ.

dobivaj vesti na viber

Според објавените информации, земјотресот бил на длабочина од 71 километар.

Земјотресот бил почувствуван и во соседна Турција.

Засега нема информации за жртви и материјална штета.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија5 часа

Автоматски ќе има мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања  

Ќе има автоматски мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не...

Економија6 часа

Мицкоски најавува инвестициски бум од речиси 2 милијарди евра: ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува планот за инфраструктурен бум...

Македонија6 часа

Судот ги одмрзнал паричните средства во случајот со „РЕК Битола“, Обвинителството бара нивно повторно замрзнување

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка –...

Македонија6 часа

Јаневска за одењето во Здравство: Ќе бидам таму каде што премиерот ќе одлучи дека државата има потреба од мене

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, втор ден резервирано одговара на прашањата дали ќе стане министерка за здравство иако...

Македонија6 часа

(Видео) Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ. Таравари дојде на власт со...

Македонија7 часа

(Фото) Спречени обиди за шверцување лекови и медицински материјали

Царинската управа извести за спречени обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди...

Свет8 часа

Макрон најавува можност за распоредување нуклеарно оружје во цела Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција е подготвена да разговара за можноста за распоредување на своето нуклеарно оружје во...

Европа8 часа

(Видео) Путин: Идиоти, воведуваат санкции, паѓаат во рецесија само за да ни наштетат

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со членовите на јавната организација „Бизнис Русија“. Тој ги коментира санкциите што ЕУ...

Свет8 часа

Судот на ЕУ: Комисијата мораше да ги објави СМС-пораките меѓу Фон дер Лајен и шефот на „Фајзер“

Европската комисија погреши кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“,...

Македонија9 часа

„Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани“, велат од Алијансата за Албанците

„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие...

Македонија10 часа

„Владата на Мицкоски со своето неодговорно однесување се заканува долгорочно да ги загрози перспективите на земјата за членството во ЕУ“, велат од ДУИ

„Владата на Христијан Мицкоски, водејќи се од популистичкиот бран кој ВМРО ДПМНЕ го јавнаа уште кога беа опозиција, со своето...

Свет11 часа

Трамп: Само будала не би прифатила бесплатен авион од Катар

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека има намера да го прифати авионот Боинг 747-8,...

Европа11 часа

(Видео) Кремљ: Нашата делегација ќе пристигне во Истанбул

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и...

Свет11 часа

(Видео) Пред 35 години ги убија родителите во САД: нивната казна беше намалена, сега може да бидат ослободени

Калифорниски судија го расчисти патот за условна слобода на браќата Менендез, познати во САД и низ целиот свет по убиството...

Европа12 часа

Мелони и Ердоган разговараа за претстојните руско-украински преговори во Истанбул

Италијанската премиерка Џорџа Мелони телефонски разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за преговорите за прекин на огнот во Украина,...

Регион12 часа

Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени го погоди островот Крит во Грција во средата, објави ЕМСЦ. Според објавените информации, земјотресот...

Македонија21 час

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки...

Македонија1 ден

Во оваа фарса убијците добиваат милост, 12 години за масакрот на сестра ми што преминуваше улица на пешачки премин: семејството на Фросина повика на протест

„Ги повикуваме утре на протест против гнилиот судски систем сите наши пријатели, роднини и сите родители чии деца секојдневно минат...

Македонија1 ден

На Јаневска ѝ е рано да размислува за ресорот здравство: Имам толку многу да доработам во Образование во овој мандат, премиерот ќе одлучи

Премиерот и преговарачкиот тим во коалицијата ќе одлучат кој ќе биде нов министер за здравство на местото на Арбен Таравари,...

Македонија1 ден

Фрчкоски реагира: Кривичната пријава е банална, срамна и полна со неправилности

Љубомир Фрчкоски, поранешниот шеф на Постојаната мисија на Македонија при ООН во Њујорк, реагира по кривичната пријава за злоупотреби во...