Црна хроника
Ново пукање на универзитет во САД, еден убиен

Еден човек е убиен во нападот на вооружен маж во кампусот на Универзитетот Пардју во американската сојузна држава Индијана, пренесува Associated Press.
Полицијата го уапсила осомничениот за нападот, изјавил за агенцијата шефот на полицијата на кампусот, Џон Кокс. Според него, вооружениот маж со намера стрелал врз лице во аулата на еден од објектите на универзитетот и потоа ѝ се предал на полицијата. Кокс не дал информации за други настрадани, но додал дека приведениот не соработува со истражните органи.
„Човекот влегол во зградата и го сторил дејствието, а потоа, како што засега ни е познато, веднаш ја напуштил зградата не преземајќи нито повеќе“, рекол Кокс. Додал дека сѐ уште се утврдуваат идентитети на застреланиот и на уапсениот.
Според американската телевизиска мрежа CBS News, пукањето се случило во вторникот во 12,30 часот по локално време на територијата на универзитетот во градот Вест-Лафајет, за што била објавена информација на акаунтот на Twitter на Универзитетот Пардју. Сите коишто во тој момент се наоѓале во кампусот биле предупредени веднаш да „најдат најблиско засолниште“. По потрагата од просторија во просторија во зградата на електротехничкиот факултет „Нил Армстронг“, полицијата привела едно лице и по два часа било соопштено дека универзитетот работи во вообичаениот режим./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.
Црна хроника
Исчезна 13-годишник од Јавна установа за згрижување деца

Денеска во 00.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.