Вести
Иран осуди американски новинар за шпионажа

– Џејсон Резајан
Ирански суд го осуди директорот на дописништвото на американскиот дневен весник The Washington Post во Техеран, Џејсон Резајан за шпионажа, објави иранската студентска новинска агенција Isna повикувајќи се на изјава на портпаролот на судот кој додал дека репортерот има 20 дена рок да вложи жалба на судската одлука.
Ирански суд го осуди директорот на дописништвото на американскиот дневен весник The Washington Post во Техеран, Џејсон Резајан за шпионажа, објави иранската студентска новинска агенција Isna повикувајќи се на изјава на портпаролот на судот кој додал дека репортерот има 20 дена рок да вложи жалба на судската одлука.
Џејсон Резајан, 39-годишник роден во американската сојузна држава Калифорнија, беше уапсен на 22-ри јули 2014 година под обвинение дека собирал доверливи информации и им ги предавал на непријателски влади, му пишувал писмо на американскиот претседател Барак Обама и работел против националната безбедност на Иран.
Резијан беше обвинет дека бил задолжен за спроведување на сценарио на група американски сенатори, кои се противат на обновувањето на односите меѓу САД и Иран, кои беа прекинати по Исламската револуција од 1979 година.
Од The Washington Post ги отфрлија обвинувањата за нивниот новинар, кој има двојно државјанство на САД и на Иран, нарекувајќи ги апсурдни. Заедно со Резајан во Техеран беше уапсена и неговата сопруга Јеганех Салехи, која работи како дописник на весникот Nation чие седиште е во Обединетите Арапски Емирати. Таа со кауција беше ослободена во октомври 2014 година.
Завршното рочиште на судењето против Резајан се одржа во август годинава, во процесот кој е чувствителен во односите меѓу Вашингтон и Техеран во заднината на склучувањето на нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте светски сили за контрола на иранската контроверзна нуклеарна програма во замена за симнувањето на децениските санкции. Стејт департментот порача дека со големо внимание го следи случајот и повика на отфрлање на сите обвинувања против новинарот и негово ослободување./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.