Црна хроника
Разбојници претепале и ограбиле таксист

Тројца разбојници во саботата ограбиле таксист на улицата Коста Абрашевиќ во Скопје.
Според полицијата, ограбен бил 55-годишниот Џ.С. од скопско Кондово, возач во такси компанијата „Стил“.
Разбојници му се нафрлиле и почнале да го удираат со клоци и со тупаници при што му го одзеле паричникот во кој имало 5.000 денари и лични документи, по што избегале.
Полицијата работи на случајот и на пронаоѓање на разбојниците. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец најден починат во Центар

Синоќа во 22 часот било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат М.К.(39) од Скопје.
Лекар од Итната медицинска помош Скопје констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Вработен нападнал дете пред влезот на основното училиште во Чаир

Мајка на ученичка во основно училиште во Чаир, пријавила во МВР дека нејзината ќерка била нападната.
„На 10.04.2025 во 23.10 часот во СВР Скопје Ќ.М.(34) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот пред влез на општинско основно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од едно вработено лице од училиштето“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
За еден ден со автомобили удрени тројца пешаци, едниот од возачите побегнал

Тројца пешаци биле удрени од автомобило во текот на вчерашниот ден во Скопје, Неготино и Кавадарци.
Во 9 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата Владимир Комаров и Бојмија во Скопје, „цитроен“ управуван од 20-годишната С.А. од Скопје, удрил во пешакот Е.Р.(33) од Кавадарци кој е тешко повреден.
Во 14.45 часот било пријавено дека на крстосницата со улицата Никола Петров и Маршал Тито во Неготино, автомобил „пежо“ со неготински регистарски ознаки, управуван од Д.У.(24) од селото Пепелиште, неготинско, удрило во пешакот М.И.(76) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.И., констатирани во Општата болница Кавадарци.
Во 20.15 часот било пријавено дека на улицата Ресавска во Кавадарци, автомобил удрил во 33-годишната Х.И. од овој град, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.И., констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен е увид во трите несреќи.