Македонија
(Видео) Кузеска:Време е да се покаже одговорност, со лажни вести да не се создава паника
„Целиот свет се бори со глобaлната пандемија, обединет и сплотен во интерес на здравјето на граѓните.Додека нашите надлежни институции вложуваат надчовечки напори и целосно се ставени во борба против коронавирусот, ВМРО ДПМНЕ со полна пареа шири лаги и дезинформации.Тоа е крајно неодговорно, со лажни вести да создава паника кај граѓаните наместо да се помага на надлежните институции во борбата против коронавирусот“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Како да не им се доста нарачаните лажни вести коишто ги шират медиумите под нивна контрола, функционерите на ВМРО ДПМНЕ лично се придружија на екипата “лажни вести”, па своите лаги ги шират преку официјални прес конференции, изјави, фб статуси.
Ниту најголемата глобална пандемија и маката на граѓаните, не ги спречува извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицковски, Антонио Милошоски, Александар Николовски и други да се однесуваат неодговорно и да шират лаги.ВМРО-ДПМНЕ дури доби и шлаканица од ООН кои јавно ги демантираа лажните вести на Александар Николовски и ВМРО-ДПМНЕ.Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, неодговорно, несериозно, лажно, на штета на државата, на штета на граѓаните, на штета на најскапоценото – здравјето на луѓето.Ситуацијата којашто денес ја живееме сите, e крајно сериозна и бара сериозно, одговорно однесување и заедничко делување за заштита на здравјето на граѓаните.Не е време за политички поделби и неосновани обвинувања.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да разберат дека злоупотребата на маката на граѓаните, на нивното здравје нема да им донесе политички поенти.Време е да се покаже зрелост, лажните вести да прекинат а институциите да се остават да делуваат.Крајно време е и ВМРО-ДПМНЕ да се престрои на страната на граѓаните и да придонесе колку може, да помогне наместо да одмага“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Членови на Советот за безбедност се: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.
Македонија
Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички
Од денеска стапува во сила законската обврска за засилена автентикација при онлајн-плаќања со платежни картички. Наместо досегашната потврда со СМС-код, корисниците на платежни картички ќе добиваат известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобрат трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање лице. Без оваа потврда плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.
Целта е да се обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при плаќањата без физичко присуство.
Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежните услуги и платните системи. Таа се воведува постепено во земјата и веќе е во примена при извршување онлајн-увид во платежните сметки од страна на клиентите, како и при извршување плаќања со платежни картички на физичките продажни места или со платни налози преку електронското или мобилното банкарство.
Македонија
Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 март 2026.
Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата.
-Студентите што ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, се наведува во објавата на МОН каде што се наведени и условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и контакти за поддршка при аплицирањето.
Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови.

