Спорт
Роналдо: Играјте внатре, играјте за светот!
Кристијано Роналдо моментно се наоѓа во карантин во Португалја. Отиде да ја посети болната мајка пред десетина дена и остана таму, затоа што во меѓувреме ескалираше ситуацијата во Италија.
Се уште е непознато до кога нема да се игра фудбал на терените во Италија, но прогнозите се дека тоа нема да се случи пред почетокот на мај.
За тоа време Португалецот тренира во домот и оттаму им испрати порака на обожавателите за да помогне при ширењето на коронавирусот.
„Ако некогаш сте сонувале да играте за милиони ширум светот, сега е вашата шанса. Играјте внатре, играјте за светот“ – порача Роналдо.
Инаку Роналдо на Инстаграм го следат 208 милиони луѓе, па сигурно пораката ќе има големо влијание.
За само 20 минути, пораката на Инстаграм ја лајкнале повеќе од 700.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Во Турција приведени 17 судии и претседател на фудбалски клуб
Откако минатата недела беше откриено дека голем број турски фудбалски судии биле вмешани во обложување на фудбалски натпревари, обвинителите побараа апсење на 21 лице, вклучувајќи 17 судии и неименуван претседател на клуб од премиер лигата.
Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул објави дека 17 судии се осомничени за занемарување на своите должности и манипулирање со резултатите од натпреварите, а претседателот на клуб од првата лига за местење резултати. Досега, 18 од 21 осомничени се приведени, објави новинската агенција Анадолу.
Истрагата на Турската фудбалска асоцијација откри дека 371 од 571 активни судии во турските професионални лиги имаат сметки за обложување, а дека 152 активно учествуваат во обложување.
Претседателот на Турската фудбалска асоцијација, Ибрахим Хачиосманоглу, го нарече ова морална криза во турскиот фудбал. Исто така, по откривањето на аферата, Турската фудбалска асоцијација веднаш суспендираше 149 фудбалски судии и нивните помошници.
Foto/ EPA
Спорт
Анчелоти: Го изгубивме интересот за Лигата на шампионите
Карло Анчелоти е легенда на Лигата на шампионите и европскиот фудбал. Елитното натпреварување го освои со Милан и Реал Мадрид. Од минатото лето тој е селектор на фудбалската репрезентација на Бразил.
Во разговор со италијанските медиуми, тој беше доста остар кон челниците на Лигата на шампионите и европскиот фудбал, смета дека проширувањето на Лигата на шампионите влијаело на недостатокот на квалитет во самото натпреварување.
„Гледајќи ја другата страна од светот, Лигата на шампионите секогаш ги има истите фаворити. Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити и Баерн. Во овие први неколку кола видовме натпревари со големи маргини. Сензационалните резултати нè натераа да го изгубиме интересот“, рече Дон Карло.
Впечаток е дека Анчелоти смета дека европскиот фудбал се движи кон профитот, а не кон квалитетот.
„Оваа прва фаза беше продолжена за да се гледа поинтересен фудбал, но не е баш така, испадна поинаку. Мораме да го прифатиме тоа“, рече Анчелоти.
Спорт
Не оди без Харден и Ленард – ЛА Клиперс поразени во Феникс
Феникс Санс забележаа победа над ЛА Клиперс 115:112, во единствениот натпревар одигран изминатата ноќ во НБА лигата.
Клиперси добро се држеа во текот на целото прво полувреме, во кое се играше „кош за кош“, но нивната игра се распадна во третиот период.
Играчите на Феникс ја добија третата четвртина со 40:23 и со тоа повеќе или помалку го решија прашањето за победникот, бидејќи имаа +14 кога влегуваа во последната четвртина, а +22 не долго потоа.
Најдобар од победниците беше Девин Букер со 24 поени, шест скока и седум асистенции, а повратникот Џејлен Грин беше одличен со 29 поени.
На другата страна, најмногу се истакна хрватскиот центар Ивица Зубац со 23 поени и 11 скока. Кам Кристи постигна 17, а Џон Колинс 13 поени, а Богдан Богдановиќ 12 поени. За Клиперс не играа двајцата најдобри Харден и Ленард.

