Контакт

Свет

Кина почна со тестирање вакцина против коронавирусот

Објавено пред

Кина го почна своето прво клиничко испитување на вакцина против новиот коронавирус.

dobivaj vesti na viber

„Во петокот 108 доброволци, поделени во три групи, ги добија првите инјекции“, објави кинескиот весник на англиски јазик „Глобал тајмс“.

Волонтерите се на возраст од 18 до 60 години и сите се од градот Вухан, каде што се појави Ковид-19 во декември минатата година.

Нивното здравје ќе се следи шест месеци.

Мултинационалните фармацевтски компании објавија во четвртокот дека за вакцината против САРС-КоВ-2 ќе бидат потребни најмалку 12 до 18 месеци.

Во исто време, Русија објави дека почнала со тестирање вакцини на животни, а првите резултати ќе бидат познати во јуни.

Од коронавирус досега во светот починаа 14.705 луѓе, над 340.067 се заразени, а излекувани се 99.027.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Романскиот суд требаше да одлучи дали ќе ги поништи изборите, одлуката е одложена

Објавено пред

Врховниот суд на Романија денеска ја одложи за 2 декември одлуката за поништување на резултатите од првиот круг од претседателските избори, откако исходот покрена сомнеж за странско мешање.

dobivaj vesti na viber

Тоа значи дека судот ќе ја соопшти својата одлука ден по парламентарните избори во недела.

Независниот екстремно десничарски политичар Калин Георгеску (62), кој според анкетите го поддржаа помалку од десет отсто од гласачите, победи во првиот круг и обезбеди место во вториот на 8 декември. Неговата победа може да ја разниша романската политика и да ја доведе во прашање прозападната насока на земјата.

Романските власти соопштија дека имаат докази за вмешаност на непријателски актери во изборната кампања, а Врховниот суд во четвртокот нареди пребројување на 9,46 милиони гласачки ливчиња и објави дека ќе го разгледа барањето на поразениот конзервативен кандидат за поништување на првиот круг.

Неизвесноста предизвика политички хаос и конфузија додека земјата со 19 милиони жители се подготвува за парламентарните избори в недела на кои се очекува десницата да расте.

Прикажи повеќе...

Свет

Шарл Мишел повеќе не е шеф на Европскиот совет

Објавено пред

Новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста, силно се залага за единството на Европската унија и истовремено за зачувување на нејзината различност.

dobivaj vesti na viber

„Само заедно можеме да обезбедиме стабилност, безбедност и мир на нашиот континент“, рече Коста на церемонијата на предавање.

Актуелниот претседател на Европскиот совет, белгискиот либерал Шарл Мишел, му ги предаде должностите на португалскиот социјалист Антонио Коста, кој во недела на 1 декември официјално ја презема функцијата претседател на Европскиот совет. Мишел на Коста му го врачи ѕвоното со кое претседателот на Европскиот совет го означува почетокот на состанокот на самитот на лидерите на земјите-членки.

„Само заедно можеме да постигнеме гласот на Европа да се слушне на меѓународната сцена, бидејќи единството е крвотокот на Европската унија, но не смееме да ги игнорираме нашите разлики во мислењата или да ги третираме како проблем“, рече Коста.

„Таа разновидност е совршено природна, таа нè збогатува и ја претставува силата на Европа“, рече Коста, кој се покажа како вешт политичар, одржува деликатна рамнотежа меѓу партнерите и има репутација на успешен градител на консензус, особина неопходна. за функцијата претседател на Европскиот совет.

Европскиот совет е најважното политичко тело на ЕУ, кое ги собира шефовите на држави или влади, ги одредува стратешките правци и политиките на Унијата и кои одлуки се носат со консензус.

Должноста на претседателот на Европскиот совет беше воведена со Договорот од Лисабон, кој стапи на сила на 1 декември 2009 година.

Мандатот на претседателот на Европскиот совет трае две и пол години, може да се обнови еднаш, што беше случај со сите претседатели на Европскиот совет до сега, сите отслужија два мандата, вкупно пет години, што се совпаѓа со мандатот на Комисијата и на Европскиот парламент.

Коста, 63-годишен социјалист, беше премиер на Португалија од 2015 до 2024 година, министер во неколку влади, градоначалник на Лисабон, член на Европскиот парламент.

Коста беше избран за претседател на Европскиот совет во јуни годинава, а пред да ја преземе функцијата ги посети сите главни градови, освен Букурешт и Софија, а разговараше и со лидерите на земјите-членки.

„Се чувствувам сигурен откако разговарав со европските лидери во последните неколку недели, кои имаат чувство на итност и се фокусирани на колективна акција инспирирана од креативноста и прагматизмот“, рече Коста.

Коста во својот говор истакна дека Европската унија се заснова на вредности – човечко достоинство, слобода, владеење на правото, демократија и еднаквост – и дека нејзината цел е да обезбеди мир и просперитет.

Зборувајќи за војната што трае повеќе од илјада дена на европско тло кога Русија ја нападна Украина, Коста рече дека „сите копнееме по мир“.

„Но, мирот не може да значи мир на гробишта, не може да значи капитулација, мирот не смее да ја награди агресијата. Мирот во Украина мора да биде праведен и траен и заснован на меѓународното право, кое го вклучува правото на народите на самоопределување, правото на народите сами да си ја изберат иднината и почитувањето на територијалниот интегритет и државните граници“, рече Коста.

Тој додаде дека ЕУ мора да биде посилна, поефикасна, поотпорна со поголема автономија во областа на безбедноста и одбраната, додека постојано работи на трансатлантското партнерство.

Тој нагласи дека проширувањето кон Западен Балкан и источните соседи е „моќна алатка за мир, безбедност и просперитет и геополитички императив“, нагласувајќи дека и ЕУ и земјите кандидати мора да работат понапорно и побрзо без вештачки рокови, но и без непотребни пречки.

Коста му се заблагодари на претседателот во заминување Шарл Мишел, велејќи дека „Европа му должи сè“.

Петте години на Мишел на чело на Европскиот совет беа обележани со затегнати односи и конкуренција од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Мишел ја напушта таа позиција со далеку помал рејтинг од неговите претходници Херман Ван Ромпуј и Доналд Туск.

Коста е првиот шеф на европска институција кој нема европско потекло. Неговиот дедо е од индиската држава Гоа, која некогаш била португалска колонија, а неговата баба по татко има француско-мозамбичко потекло.

Мозамбик исто така бил португалска колонија. Коста има т.н „Задгранично државјанство на Индија“, што е форма на дозвола за постојан престој и работа во Индија врз основа на индиско потекло.

Прикажи повеќе...

Свет

Велика Британија направи клучен чекор кон легализирање на евтаназијата

Објавено пред

Британскиот Парламент денеска гласаше за легализирање на потпомогнатото самоубиство, отворајќи го патот за понатамошна дебата на тема која ја подели земјата и ги доведе во прашање стандардите на палијативната нега.

dobivaj vesti na viber

По вжештената дебата во Долниот дом на британскиот парламент, 330 претставници гласаа за законот, а 275 од нив беа против.

Според законот, на голем број луѓе во Англија и Велс, на кои лекарите им процениле дека имаат уште шест месеци живот или помалку, ќе им биде дозволено да изберат да го завршат својот живот со медицинска помош.

Поддржувачите на законот тврдат дека станува збор за скратување на животот на неизлечиво болните, на кои на тој начин им се дава поголема контрола.

Но, противниците велат дека ранливите болни луѓе можеби ќе сакаат да го завршат својот живот од страв дека инаку ќе бидат товар за нивните семејства и општество, а не за своја корист.

Други рекоа дека немало доволно време да се разгледа законот пред гласањето.

Првичното одобрување на законот во парламентот ќе започне повеќемесечна дебата, а самиот текст би можел да се промени како што ќе премине од долниот дом во горниот дом на парламентот.

Ким Лидбитер, лабуристичката пратеничка која го претстави предлог-законот, рече дека очекува процесот да потрае дополнителни шест месеци.

Предлог-законот предизвика национална дебата во Велика Британија, во која беа вклучени поранешни премиери, верски лидери, болничари, судии, лица со посебни потреби и министри во лабуристичката влада на премиерот Кир Стармер.

Анкетите покажуваат дека мнозинството Британци го поддржуваат потпомогнатото самоубиство. Лидбитер рече дека законот треба да одговори на јавното мислење.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Се бара притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме

Обвинителството поднесе предлог за притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме синоќа во централното градско подрачје. Од тука...

Македонија7 часа

За вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени четири лица, изјави Тошковски

Во текот на вечерта се уапсени осум лица, од кои четири за предизвикување верска и национална омраза, извести министерот за...

Македонија7 часа

„Влен“: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

„По досега невидената прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера...

Македонија7 часа

Алијансата за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето ниту на својот народ

„Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме,...

Македонија9 часа

ДУИ: Го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме,...

Македонија10 часа

За сквернавењето на македонското знаме е известен јавниот обвинител: се преземаат дејства за расчистување на настанот

Во текот на вчерашниот ден додека се славеше Денот на албанското знаме на две места е снимено сквернавење на македонското...

Македонија12 часа

„Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското знаме е крајно вандалски и ние сме згрозени“, велат од Сојузот на борците

„Секогаш и во времето на НОБ заедно сме се бореле за слободата. Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското...

Македонија12 часа

„Да газиш и да кинеш, да уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала, платила и плаќа, вложува во тебе – е злосторство и треба да одговараш“, рече Димитриевски

Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го...

Македонија12 часа

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на...

Македонија21 час

Приватните превозници задоволни од предлогот за зголемување на цената по километар, се очекува од понеделник да се вратат во сообраќај

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и приватните превозници се договорија за повисока цена за изминат километар. Координаторот на советничката...

Свет1 ден

(Видео) Путин и’ се извини на Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли тврдењата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека намерно се обидел да ја заплаши...

Македонија1 ден

Мицкоски најави инспекции на универзитетите: „Тие кои нема да ги отстранат недостатоците ќе бидат санкционирани“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат...

Македонија1 ден

Славески до приватните превозници: Арсовска е непредвидлива жена, ќе ве остави без леб

„Собрав храброст, како некои што ми порачуваат, да се обидеме да ги разјасниме работите за ова што се случува со...

Македонија1 ден

Мицкоски: Многу бргу ќе слушате што сè е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност...

Македонија1 ден

Гаши за уставните измени до Нова година: Собранието е спремно да ја почне процедурата веднаш штом ќе има политички договор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека измените за внесување на Бугарите во Уставот во Собранието ќе поминат многу лесно,...

Европа1 ден

(Видео) Експлозии во Киев, нападната е Одеса, огромен руски напад

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи...

Македонија1 ден

Изградил хотел во Скопската чаршија, надградил ходници, скали, рецепција, и тоа без одобрение за градење: поднесено обвинение против инвеститор

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење...

Скопје1 ден

Мицкоски, ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз, реагира Арсовска

„Реформата на јавниот сообраќај што ја споменуваш, „патриоту“ Мицкоски, ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа...

Македонија1 ден

Филипче: Почнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации

Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на...

Европа1 ден

Поранешен шеф на МИ6: Европа е во војна со Русија

Европа во моментов не е во предвоена ситуација, туку во војна против Русија, изјави вчера за Скај њуз поранешниот директор...