Македонија
МТСП: Да се лимитира бројот на вработени, да не се одржуваат состаноци и редовно да се врши дезинфекција

Министерството за труд и социјална политика ги повикува компаниите да се придружуваат до препораките за организација на работењето затоа што заштитата на здравјето на работниците е основен услов за заштита на економијата.
„Апелираме до правните субјекти во оваа вонредна состојба сите да покажеме одговорност. Инспекциските служби се на терен и ќе го следат почитувањето на препораките“, соопштија од МТСП.
Препораките за организирање на работниот процес се следните:
1. Во погоните каде што непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени до таа мера да работниците бидат на растојание од 1,5 до 2 метри.
2. Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција нa раце и работни површини.
3. За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење раце и дезинфекција со употреба на дезинфекциски средства на база на алкохол).
4. Да се врши почесто проветрување на работните простории, односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација).
5. Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории, особено во погоните, од овластена служба за тоа.
6. Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на Ковид-19 (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и се пријавува до надлежен центар за јавно здравје.
7. Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници.
8. Во случај на потреба од административна работа, потпишувањето хартиени документи да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштитна маска и ракавици).
9. Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема.
10. Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи, исто така да носат лична заштитна опрема.
11. Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на е-пошта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Изборот на чаирчани е јасен, избираат помеѓу чесноста на Османи или корупцијата на Меџити“, велат од ДУИ

„Чаир е пред историски најважната одлука во последните 20 години. Ова не се само избори за градоначалник ова е избор помеѓу два целосно различни правци во кои е се движи општина“, велат од ДУИ.
„Изборот е помеѓу враќањето назад кон човекот кој ја уништи општина Чаир со криминал и корупција или конечно тргнување напред со човек кој има визија, интегритет и знаење да ја води општината кон иднината.
Од една страна изборот е Изет Меџити, градоначалник во три мандати кој го претвори Чаир во бизнис-зона за својата мрежа, кој живее надвор од општината и кој е симбол на дивоградби, криминал и уцени.
Денес, наместо да се надева на поддршка од граѓаните на Чаир, тој влегува понижен и уценет од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Се надева дека преку корупција, поткуп и поддршка од Мицкоски може повторно да го поништи гласот на чаирчани. Од една страна изборот е Бујар Османи човек од Чаир, со 20 години јавна служба без дамка.
Лидер кој гради, кој обединува и кој знае како да работи за луѓето. Човек визионер и политичар на новата генерација со беспрекорно политичко минато и резултати.
Граѓаните на Чаир заслужуваат општина и службеници кои ќе работат за нив, а не за сови интереси. Заслужуваат лидер кој нема да ја изневери нивната доверба. Граѓаните заслужуваат иднина со развој, а не повторување на најлошото од минатото“, соопшти ДУИ.
Македонија
Алиу: Реновирана Клиниката за урологија, воведени две нови хируршки методи, во фаза на реновирање е Центарот за трансплантација

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес ја посети Клиниката за урологија по повод извршената реконструкција на оваа установа.
„Продолжуваме со уште една клиника, тука сме денеска на Клиниката за урологија, која инфраструктурно изгледа според сите европски стандарди. Исто така, од техничка гледна точка инфраструктурата, технологиите и методологиите се во склад со потребите на пациентите и со европските протоколи. Чекор по чекор, здравството е сѐ поблиску до секој граѓанин. Чекор по чекор здравството станува европско и се надевам дека за кратко време ќе презентираме и други клиники и друга инфраструктура. Овде, покрај нова инфраструктура, веќе се вработени 20 стручни лица, кои ќе бидат дел од Клиниката“, посочи министерот Алиу при посетата.
Директорот на Клиниката за урологија, д-р Башким Шабани, истакна дека станува збор за инвестиција во вредност од речиси 300 илјади евра наменета за реновирање на Клиниката.
„Воведовме и две нови хируршки методи, со што ние практично нема да имаме потреба да праќаме пациенти за лекување во странство.
Сега сме во фаза на реновирање на Центарот за трансплантација, како и на Центарот за калкулоза за третман на уринарни каменчиња“, заклучи д-р Шабани.
Македонија
Сузбиени 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 лице во период од една година, извести МВР

Справувањето со илегалната миграција е еден од врвните предизвици и приоритети во работата на Министерството за внатрешни работи, за што говори и статистиката на преземени дејствија и резултати во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година, велат од МВР.
„Во овој период сузбиени се 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 физички лица и 18 правни лица. Откриени се 64 случаи на криумчарење мигранти, на околу 430 лица. Спречени се 6.000 обиди за илегално транзитирање, што претставува намалување за речиси 50% во однос на претходниот период.
Во соработка со Европската агенција ФРОНТЕКС, Министерството за внатрешни работи спроведува континуирани операции за контрола на границите и справување со безбедносните ризици. Покрај миграцијата, откриени се и случаи поврзани со фалсификување пари, тероризам, проституција, висока корупција (во вредност од над 16 милијарди денари), недозволена трговија со дрога, како и нови случаи на криумчарење мигранти поврзани со меѓународни криминални мрежи.
Министерството за внатрешни работи продолжува со бескомпромисната борба против илегалната миграција и организираниот криминал, како еден од стратешките приоритети за заштита на безбедноста и правниот поредок. Преку силната меѓународна соработка и решителните домашни акции МВР испраќа јасна порака дека за криминалот нема простор во нашето општество!“, се наведува во соопштението на МВР.