Црна хроника
Жители на Трубарево и Петровец шетале место да седат во изолација – им се закануваат парични казни
Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесени кривични пријави, до Основниот кривичен суд Скопје достави четири предлози за издавање казнен налог против лица обвинети за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Четворицата обвинети, од кои тројца жители на Трубарево и еден на Петровец, влегле во земјава на граничниот премин Табановце на 16, 17 и 18 март, доаѓајќи од различни земји со висок/среден ризик за ширење на епидемијата на опасна заразна болест предизвикана од вирусот Ковид-19. При влезот тие прифатиле и потпишале изјава дека ќе останат во задолжителна самоизолација во нивните домови во период од 14 дена, но на 18 март, при извршена проверка од страна на овластени полициски службеници, не биле затекнати во нивните домови.
Надлежните јавни обвинители кои постапуваат во предметите побараа од судот да им изрече парична казна на обвинетите во висина од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во вредност од 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја претепал 48-годишната сопруга: уапсен маж од Кичево
Синоќа во 19:50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Д.(53) од Кичево.
Полицијата постапила по претходна пријава дека тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата 48-годишна сопруга.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава за охриѓанец: бесправно градел
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.А.(67) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
На катастарска парцела во Охрид,тој без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, извршил доградба на постоечки објект, по што е донесено решение за отстранување на градбата.
Црна хроника
Уапсен возач од тетовско, возел пијан во спротивна насока
Синоќа во 00:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.М.(47) од с.Камењане, тетовско.
Полициските службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. во спротивна насока на коловозна лента и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против Д.М. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

