Македонија
Во Дебар и Центар Жупа се почитуваат препораките
Во изминатото деноноќие безбедносната состојба на целото подрачје на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, е стабилна и без регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди. Граѓаните ги почитуваат препораките, мерките и насоките усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (Ковид-19) за забрана за одржување собири и настани на отворен и затворен простор, како и секаков вид јавни и приватни собири. На територијата на двете општини се почитува и ограничувањето на движењето на граѓаните, во периодот од 21:00 до 6:00 часот, соопшти МВР.
Полициските службеници деноноќно се на терен и ги преземаат неопходните безбедносни активности што се во согласност со оперативниот план, се врши обиколка низ централното градско подрачје и приградските населби и се контролира дали угостителските и другите јавни објекти (маркети, ноќни клубови, фитнес-салони, обложувалници) се придржуваат до одлуката за забрана за нивната работа. Во општина Дебар е регистрирано едно кривично дело тешка кражба, извршена во киоск на ул. 8 Септември и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Во овие две општини без проблеми се реализираат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти. Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.
МВР апелира до граѓаните строго да ја почитуваат одлуката на Владата за забрана на движењето од 21:00 до 6:00 часот секој ден, како и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

