Контакт

Вести

Пентагон: Мансур е убиен за планирање напади врз сојузничките сили

Објавено пред

Американската армија минатата седмица го ликвидирала талибанскиот водач мула Актар Мухамед Мансур во воздушен напад поради тоа што учествувал во плановите кои претставувале „специфична и непосредна закана“ за американскиот и сојузничкиот персонал во Авганистан, објави американското министерство за одбрана во понеделникот додека талибаните го избираат неговиот наследник.

dobivaj vesti na viber

Морнаричкиот капетан и портпарол на Пентагон, Џеф Дејвис, изјави дека нападот врз мула Мансур кој во саботата се одиграл на територијата на Пакистан, бил одбранбен напад со цел да се спречат намерите на радикалното исламистичко движење Талибан кои многу брзо би се оствариле.

Водачите на авганистанските талибани во понеделникот се сретнаа за да се договорат за наследникот на Мансур. Истакнати членови на шурата, главното тело на талибанското движење, потврдија дека се состанале за да расправаат за новото водство и со тоа да спречат фракциите да го разединат ова движење.

Американскиот претседател Барак Обама повтори во текот на посетата на Виетнам во понеделникот дека САД ги поддржуваат авганистанската влада и воените сили, и ги повика талибаните на мировни преговори.

„Талибаните треба да ја искористат можноста да тргнат по единствениот можен пат за решавање на овој долготраен судир, а тоа придружување на авганистанската влада во процесот на помирување кој ќе доведе до долготраен мир и стабилност“, порача Обама.

Обама изјави дека Мансур ги одбивал мировните преговори и „планирал напади против американските и коалициските сили“.

Американскиот претседател го одобрил нападот со беспилотно летало врз Мансур кој е извршен во близина на пакистанската граница со Авганистан. Пакистанските функционери тој чин го сметаат за повреда на државниот суверенитет кој може негативно да влијае врз мировните преговори.

Пакистанското министерство за надворешни работи го повика во понеделникот американскиот амбасадор Дејвид Хејли за да му ја изрази загриженоста на Исламабад поради нападот со беспилотно летало на пакистанска територија во кој е убиен Мансур.

„Нападот со дрон претставува повреда на пакистанскиот суверенитет, како и кршење на Повелбата на ОН која гарантира неповредливост на територијалниот интегритет на своите земји членки“, се наведува во изјавата на пакистанската дипломатија.

Претседателот Обама истакна дека операцијата против Мансур не претставува промена во американската стратегија во Авганистан или повторен ангажман во борбени мисии откако главната борбена мисија на меѓународната заедница заврши на крајот од 2014 година. /крај/мф/сн

Извор: Reuters

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер

Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Директорот...

Македонија4 часа

Градиме брза железница и автопати од Албанија до Бугарија, најави Николоски во Виена

Македонија ги реализира најкрупните капитални проекти за патна и железничка инфраструктура на транспортните Коридори 8 и 10, истакна вицепремиерот Александар...

Регион4 часа

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот од вкупно шест преговарачки кластери со ЕУ. „Го отворивме последното...

Македонија4 часа

Земјотрес почувствуван во Делчево и Виница

Денес околу 15:48 часот беше почувствуван земјотрес во делови на североисточна Македонија, најмногу во Делчево, Виница и околните места. Според...

Македонија6 часа

Сиљановска-Давкова: ЕУ сè уште нема јасна стратегија за нашата европска интеграција и практикува двојни стандарди

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана...

Македонија6 часа

Министерот Тошковски опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој вели дека следи...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче: Власта врши притисок врз судството

Претседателот на СДСМ и на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на Советот упати сериозни критики за...

Македонија9 часа

Ќе се гласа на 11 јануари: Гаши го потпиша актот за одржување на повторените избори за градоначалници во четирите општини

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го потпиша актот за одржување на локалните избори за четирите општини Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште...

Македонија10 часа

Бизнисмен од Штип крадел струја: манипулирал на сите три фази на броилото

Тимот на Електродистрибуција специјализиран за откривање неовластено користење на електрична енергија утврди основи на сомневање за наводна кражба на електрична...

Македонија11 часа

Почна пријавувањето за електронски ваучери за студенти преку Националниот портал за е-услуги

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека од денеска е отворен Јавниот повик за доделување на вредносни ваучери за...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на Скопје: Сè беше чисто и средено како што и прилега

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски биле во вечерна обиколка...

Македонија12 часа

Го турнале на земјата, го клоцале, го ограбиле, па се обиделе да му го скршат мобилниот телефон: eден осомничен за разбојништво во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член...

Европа14 часа

Што по падот на Покровск?

Додека Русија фокусира огромни сили врз Покровск во обид конечно да го освои рударскиот град во источна Украина, расте неизвесноста...

Регион14 часа

Хрватски навивачи нападнати со шипки во Црна Гора

Група хрватски навивачи вчера вечер беа нападнати на магистралниот пат Цетиње – Будва. Според неофицијални информации од Управата на црногорската...

Европа14 часа

(Видео) Пет млади лица загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска

Тројца млади мажи и две жени на возраст од дваесет години загинаа во ужасна сообраќајна несреќа во округот Лаут, Ирска,...

Регион15 часа

РТС: Пукано кон српски војници во близина на воена база

Вооружена и маскирана група Албанци отвори оган врз припадници на српската армија во реонот на базата „Дебела Глава“, во близина...

Свет15 часа

(Видео) Тројца убиени во нов американски воен напад врз брод за шверц на дрога

САД извршија уште еден напад врз брод за кој се тврди дека шверцува дрога во источниот Пацифик, при што загинаа...

Европа15 часа

Десет ранети, тројца мртви во руски ракетен напад врз Украина

Во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Балаклија загинаа три лица, а десет беа повредени, меѓу кои и три деца,...

Свет1 ден

Поларен вртлог носи „декември за паметење“

Поради невообичаено рано затоплување на стратосферата, на прагот е да почне значително нарушување на поларниот вртлог. Прогнозите покажуваат дека поларната...

Македонија1 ден

(Видео) Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот

Македонија повторно стои исправено, а младите гордо и достоинствено го понесоа товарот да ги исправат неправдите кои со години ѝ...