Македонија
СДСМ: Со конкретни економски мерки се бориме за секое работно место
„Ефикасните и успешните политики што СДСМ ги реализираше изминатите две и пол години ја стабилизираа економијата, тоа овозможува подготвено да ги дочекаме економските предизвици предизвикани од коронавирусот. Со издржани и конкретни мерки и решенија ќе ги намалиме негативните последици врз економијата и ќе помогнеме на работниците, на фирмите, на стопанството, на сите граѓани, соопшти СДСМ.
Според партијата, токму во таа насока се и мерките на СДСМ и претседателот Зоран Заев, врз база на солидарност и финансиска конструкција, директно насочени кон граѓаните, кон работниците, кон зачувување на секое работно место.
„Со мерките што ги предлагаме обезбедуваме минимална плата за секој работник во фирмите погодени од кризата. Со 50 отсто од просечната плата ќе им се помогне на оние кои поради кризата останале без работа. За нас секој работник е важен и секое работно место е важно, затоа се бориме да ги сочуваме работните места.7.000 денари обезбедуваме за секое домаќинство каде има лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија.
Кредитите за правните и физички лица се одлагаат за три месеци, се стопираат извршителите на три месеци, а во тој период од плаќање закуп се ослободуваат корисниците на социјални станови и оние кои под закуп имаат деловен простор од Јавното претпријатие за станбен и деловен простор. Ова се мерки на солидарност и меѓусебно помагање. Затоа сите функционери, министри, директори, градоначалници, сите раководители и сите вработени во јавниот сектор ќе земаат минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај. Претседателите и членовите на Советите во општините и претседателите на управните и надзорните одбори нема да земаат надоместоци во месеците април и мај. Овие пари ќе одат директно во фонд преку кој ќе им се помага на граѓаните и компаниите погодени од кризата.
За фирмите се обезбедуваат нови 50 милиони евра евтини кредити и се забранува стечај за време на кризата. Ова се мерки со кои товарот од кризата се дели рамноправно меѓу сите, за негативните последици да бидат што поблаги, а ситуацијата побрзо да се надмине. Го ставаме на располагање овој пакет економски мерки до Владата со цел да се спречи и помогне веднаш на македонската економија, да се спречи губење работни места, да се спречи затворање на фирмите, да спречи сиромаштија и социјална криза. Покажавме дека можеме и знаеме како да се справиме со сериозни економски предизвици, ќе го победиме заедно невидливиот непријател и ќе се справиме со економските последици од оваа сериозна криза. Здружено и солидарно ќе се обединиме и ќе ја надминеме кризата од коронавирусот, ќе ги санираме последиците и ќе обезбедиме напредок и развој за сите“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

