Контакт

Свет

Секој петти жител на планетата е во изолација

Објавено пред

Потрага по маски, респиратори и друга медицинска опрема ја зафати Европа и Америка додека на повеќе од 1,5 милијарди луѓе – или петтина од светската популација – им е наредено да останат дома со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

dobivaj vesti na viber

Политичката парализа ги отежна напорите на Конгресот во САД за брза помош на државите, а американските акции паднаа веднаш штом се отвори берзата во понеделникот, дури и откако Федералните резерви соопштија дека ќе откупат колку што е потребно од државниот долг и ќе им дадат позајмици на малите и големите претпријатија и на локалните власти за да им помогнат да се справат со економската штета предизвикана од појава на вирусот.

Во Њујорк, каде во текот на викендот беа наметнати речиси тотални исклучувања и изолација поради стравувањата дека градот може да стане едно од најголемите жаришта во светот, градоначалникот Бил де Бласио предупреди дека во болниците ќе ги снема „основните резерви“ потребни за да се заштити здравјето на медицинските професионалци и пациентите во рок од десет дена, објави „Асошиејтед прес“.

Ризикот за лекарите, медицинските сестри и другите кои биле на првите борбени линии против пандемијата е многу јасен. Во Италија најмалку 18 лекари починале од коронавирусот. Во Шпанија, повеќе од 3.900 здравствени работници се заразени, што претставува приближно 12% од вкупните случаи во оваа земја.

Британските здравствени работници бараа дополнителна опрема, објаснувајќи дека се чувствуваат како „топовско месо“. Во Франција лекарите позајмуваат маски од градежни работници, работници во фабрика и од архитекти.

Здравствените работници велат дека постојано се бара да ги користат истите маски и ракавици, кои се направени за еднократна употреба.

Недостигот на респиратори, кои се клучни за третман на сериозни случаи на Ковид-19, се исто така во критична фаза и има недостиг на сетови за тестирање, иако Светската здравствена организација препорачува да се тестираат што е можно повеќе луѓе.

И додека кризата опаѓа во Кина, каде почна кон крајот на минатата година, само областа околу Вухан сè уште се смета за висок ризик и луѓето треба да останат изолирани таму.

Европа

(Видео) Мерц: Русија стои зад дроновите над Германија

Објавено пред

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека се сомнева дека Русија стои зад серијата беспилотни летала видени над Германија во текот на викендот, вклучувајќи ги и оние што прекинаа десетици летови и оставија повеќе од 10.000 патници блокирани на аеродромот во Минхен.

dobivaj vesti na viber

Мерц нагласи дека фреквенцијата на вакви упади во европскиот воздушен простор е без преседан, дури и во споредба со Студената војна. Тој додаде дека ниту едно од беспилотните летала досега не било вооружено и дека сите летале за извидувачки цели.

Во последните недели, слични неидентификувани дронови се забележани над неколку европски земји. Во Данска, во последните недели се регистрирани бројни летови на неидентификувани дронови над воени објекти и аеродроми.

На пример, пријавени се летови над аеродромот Каруп и неколку дански аеродроми. Како резултат на тоа, властите привремено ги забранија летовите на цивилни дронови и го зголемија надзорот, а данското разузнавање потврди дека станува збор за „хибридни напади“ за кои ја обвинија Русија.

Сомнителни летови на дронови над воени бази и стратешка инфраструктура се пријавени и во Германија и Белгија. На пример, околу 15 дронови се забележани над белгиската воена база Елзенборн, а во Германија властите истакнуваат дека инцидентите стануваат сè почести, особено во близина на воени и индустриски објекти.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Пронајдени се најмалку 50 тела по уривањето на училиште во Индонезија

Објавено пред

Бројот на жртви од уривањето на училиште во Индонезија се искачи на најмалку 50 откако спасувачите ги отстранија речиси сите урнатини, соопштија денеска спасувачките екипи, нарекувајќи ја оваа најсмртоносната катастрофа во земјата оваа година.

dobivaj vesti na viber

Исламскиот интернат „Ал Хозини“ во индонезискиот град Сидоарџо се урна минатиот понеделник. Стотици, претежно тинејџери, беа затрупани под бетонските урнатини, при што ги изгубија животите.

Со помош на багери, спасувачите отстранија околу 80 проценти од урнатините до доцна во неделата и извлекоа тела и делови од тела на жртви, соопшти агенцијата за ублажување на катастрофи.

Буди Ираван, заменик-директор на агенцијата, рече дека бројот на извлечени тела го зголемува вкупниот број на жртви на 50, и дека се очекува спасувачите да ја завршат потрагата по уште 13 заробени жртви до крајот на понеделник.

„Ова е најголем број жртви оваа година поврзани со една зграда. Од сите катастрофи во 2025 година, природни или не, ниту една не одзела толку многу животи како онаа во Сидоарџо“, рече тој на прес-конференција.

Јуди Брамантјо, официјален претставник на агенцијата за пребарување и спасување, изјави дека се пронајдени уште пет делови од тела, што укажува дека бројот на жртви би можел да биде најмалку 54.

Пребарувањето продолжува, а агенцијата за спасување објави снимки на кои се гледаат работници како носат портокалови вреќи за тела од урнатините на училиштето. Властите соопштија дека уривањето е предизвикано од градежни активности на горните катови што темелите на училиштето не можеле да ги издржат.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Индија и Кина воведуваат директни летови за прв пат по пет години

Објавено пред

Индија и Кина планираат да ги обноват директните летови меѓу некои од нивните градови по петгодишна суспензија, бидејќи односите меѓу двете земји почнуваат да се стабилизираат, објавија индиските власти.

dobivaj vesti na viber

Директните летови меѓу двете земји беа суспендирани за време на пандемијата на коронавирусот во 2020 година и не се обновени бидејќи Пекинг и Њу Делхи се впуштија во долготрајни гранични тензии.

Летовите меѓу одредени градови ќе бидат обновени до крајот на октомври, во зависност од одлуките на комерцијалните авиокомпании, соопшти индиската амбасада во Кина во објава на социјалната мрежа WeChat. Обновувањето на летовите е дел од „пристапот на индиската влада кон постепена нормализација на односите меѓу Индија и Кина“, додаде амбасадата.

Најголемата индиска авиокомпанија, „ИндиГо“, во четврток најави дека ќе ги обнови летовите помеѓу Калкута, Индија, и Гуангжу, Кина, на 26 октомври.

Одлуката доаѓа откако индискиот премиер Нарендра Моди ја посети Кина минатиот месец за прв пат по седум години за да присуствува на регионален безбедносен форум, дел од напорите на двете земји за нормализирање на односите.

Односите меѓу Кина и Индија нагло се влошија во 2020 година откако безбедносните сили се судрија по спорната граница на Хималаите. Четири кинески и 20 индиски војници беа убиени во најлошото насилство во последните децении, со што се замрзнаа контактите на високо ниво на политиката.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Европа31 минута

(Видео) Мерц: Русија стои зад дроновите над Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека се сомнева дека Русија стои зад серијата беспилотни летала видени над Германија во текот...

Свет52 минути

Рубио: Мислам дека Израел разбира дека заложниците не можат да бидат ослободени среде воздушните напади

Војната во Газа го оштети јавниот имиџ на Израел, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Според Ројтерс, американскиот државен секретар...

Свет1 час

Трамп: Разговорите со Хамас за завршување на војната во Газа напредуваат брзо

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека преговорите со Хамас за прекин на израелската војна во Газа и ослободување на...

Европа2 часа

(Видео) Украинците го нападнаа Белгород: град со 300.000 жители остана без електрична енергија

Рускиот град Белгород и околните области беа погодени од прекин на електричната енергија синоќа. Причината беа нападите што ја оштетија...

Регион2 часа

(Видео) Мафијашка пресметка во Црна Гора, пронајдено тело на популарна плажа

Целосна полициска блокада е воспоставена во поширокото подрачје на плажата Јаз во близина на Будва вчера вечер поради убиство што...

Македонија11 часа

Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем...

Македонија13 часа

Филипче: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

„Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ работи за олигарсите, граѓаните за нив се само бројка во избирачкиот список“, оваа порака ја упати вечерва...

Македонија13 часа

Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Радовиш, во рамки на изборната кампања за локалните...

Македонија13 часа

Филипче: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не...

Регион21 час

Македонија ѝ понуди помош на Бугарија по катастрофалните поплави

Македонија е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави претседателот на Бугарија, Румен Радев, на „Икс“,...

Свет22 часа

(Фото+видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди...

Свет24 часа

Израел се согласи на почетната линија на повлекување, се чека потегот на Хамас, објави Трамп

По повеќенеделни преговори, Израел се согласи на почетната линија на повлекување, објави на социјалната мрежа “Truth” лидерот на САД Доналд...

Македонија1 ден

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од утре пад на температурите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во...

Македонија1 ден

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

На денешниот народен митинг во Куманово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Македонија1 ден

Мисајловски: Куманово дополнително ќе биде град на можности

Владо Мисајловски, носител на изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на народниот митинг, кој се одржа во Куманово,...

Македонија1 ден

Филипче од Свети Николе: Борбата за 500 евра минимална плата е за достоинство на секој човек

Вечерва од Свети Николе, каде се одржа граѓанската трибина од караванот „Се бориме за нашиот дом“, Претседателот на СДСМ, Венко...

Македонија1 ден

Филипче од Велес: Маја Хеско за урбан ред во Велес, нова сала, затворен базен и средено Езеро Младост

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Велес го истакна разочарувањето на граѓаните од владеењето...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: Ние ќе ги решаваме проблемите на скопјани, оваа битка не е само битка за поубави и почисти улици и паркови, ова е битка за душата на нашиот главен град

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, се обрати од денешниот народен митинг,...

Македонија1 ден

Димитровски: Скопје не треба да биде град кој ги мачи скопјани, туку град кој им служи на скопјани

Даме Димитровски, носител на листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во...

Македонија1 ден

Стојкоски: Ѓорче Петров ќе стане првата независна енергетска општина

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник за општина „Ѓорче Петров“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на...