Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави позитивната одлука на Советот на министрите на ЕУ
ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави позитивната одлука на Советот на министрите за надворешни работи на Европската Унија за почеток на преговорите. Воедно, велат од партијата, го очекуваме и датумот за првата меѓувладина конференција со земјите членки на ЕУ.
„Европските определби се наша стратешка ориентација и претставува одлука темелена на заедничките напори на владите од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација од 2001 година до сега, како и последователните 10 позитивни извештаи на Европската комисија“, се наведува во соопштението.
Како што се посочува и од самата Унија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, потребно е да се исполнат голем број реформи, особено во правосудството, борба против корупцијата, економијата и заштита на стандардот на граѓаните.
„Зоран Заев и СДСМ ја понижија, омаловажија и ја опустошија Македонија, доаѓа времето кога ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги направи граѓаните и Македонија горди. Добрата вест за граѓаните е што по следните парламентарни избори, владата на ВМРО-ДПМНЕ успешно ќе ги спроведе преговорите и на брза лента ќе ја внесе државата во ЕУ“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

