Македонија
Шекеринска: Лага е дека сум била на службени патувања и сум трошела државни пари
Најдиректно ги демантирам лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Лага е дека кој било, а особено јас изминатава недела, замислете, сум била на службени патувања и сум ги трошела државните пари на патувања и репрезентација. Замислете, тоа е истата оваа недела кога скопскиот аеродром главно беше затворен, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Таа се осврна и на кризата со коронавирусот, како и на ратификацијата на протоколот за членство во НАТО и одлуката за почеток на преговорите со ЕУ:
„Ова е недела на два големи успеха, но, за жал, ова е и недела на голема криза во државата и во целиот свет. Криза со која се соочува целото човештво, но и криза со која се соочуваат и сите наши граѓани. Сè се менува со светлосна брзина – се менуваат проблемите, се менуваат предизвиците, еве сега и, фала богу, и успесите, меѓутоа и во успех и во криза една работа останува иста – а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува, наместо со помош, наместо со пофалба, да работи само со лаги. Ниту помагаат со кризата ниту честитаат, а камоли да се порадуваат на успехот. Во вакви моменти кога водиме лавовска, ама буквално лавовска битка со коронавирусот, во исто време кога ги бележиме најголемите успеси по стратешките прашања на нашата држава, опозицијата се труди да го губи нашето време со лаги. И, затоа, се надевам, последен пат одвојувам неколку минути за оваа изјава бидејќи навистина е доста“, рече Шекеринска.
Таа ја повика ВМРО-ДПМНЕ да престане со лаги заради тоа што, како што рече, лагите нема ниту да го скријат нивниот срам за нечесниот однос кон кризата ниту ќе го скријат нивниот срам дека 11 години ја држеа државата замрзната во место.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја повика Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на Министерството за одбрана и таму, според партијата, ќе се видат податоци за потрошени 1,4 милион денари за патувања и ручеци за четири дена.
„Шекеринска, освен тоа што во криза преку Министерството за одбрана троши пари за репрезентација и патувања, позната е по тоа што шири лажни вести. Додека докторите немаат маски, од Министерството за одбрана се плаќаат пари за ресторани и репрезентација, како и пари за патувања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму тврдат дека Министерството за одбрана потрошило речиси еден милион и 43 илјади денари за патувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во израелски напади во Газа убиени 17 лица, меѓу нив шест деца
Во израелски напади на северот и југот на Појасот Газа убиени се најмалку 17 Палестинци, меѓу кои и шест деца, соопштија локалните болници, пренесе Би-Би-Си.
Израелската војска наведува дека нападите уследиле откако, според нив, „терористи отвориле оган и тешко раниле еден војник“ на северот на Појасот Газа, во близина на таканаречената Жолта линија, која според договорот за прекин на огнот со Хамас означува територија под контрола на Израел. Како одговор, биле изведени прецизни удари од копнени и воздушни сили, поради, како што наведуваат, „очигледно кршење“ на примирјето.
Болницата Ал-Шифа во Газа соопшти дека примила тела на 13 лица, меѓу кои пет деца, по напади врз шатори и домови во источните квартови Зеитун и Туфа. Во болницата Насер во Хан Јунис биле донесени тела на уште четири жртви, меѓу кои и едно дете.
Од стапувањето во сила на примирјето на 10 октомври, Израел и Хамас речиси секојдневно меѓусебно се обвинуваат за негово кршење. Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас, наведува дека од тогаш во израелска ватра загинале најмалку 529 луѓе, додека Израел соопштува дека во палестински напади загинале четворица нивни војници.
Македонија
СДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев
Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.
„Идеалите на Гоце Делчев за слободна, праведна и напредна Македонија и денес се силен потсетник дека иднината се гради со храброст, знаење и единство. Наша должност е да ги чуваме и живееме тие вредности, секој ден.
Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев“.
Македонија
Мицкоски: Очекувам раководството на ССМ да излезе од партиската прегратка и да се договори со Владата во интерес на административците
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека очекува неколкумина од раководството на Сојузот на синдикати да излезат од, како што рече, партиската прегратка и да постигнат договор со Владата во интерес на работниците, односно на административните службеници.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната средба со УПОЗ и очекувањата, Мицкоски нагласи дека дел од вработените во јавната администрација сè уште немаат договорен Колективен договор со Владата.
„Очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие, како што многу пати кажав во минатото, уште тие 7.700–7.800 наши колеги немаат со Владата договорен Колективен договор, сите останати имаат“, изјави премиерот.
Тој додаде дека со ваквиот договор Владата, како работодавач, ќе ги заокружи односите со сите вработени до истекот на мандатот.
„Со ова, Владата како работодавач ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада, до 2028 година, со сите оние на чии работодавач директен или индиректен е Владата“, рече Мицкоски.

