Свет
Њујорк станува најголемо жариште на коронавирус во светот
Еден од илјада њујорчани веќе е заразен, што значи дека вирусот се шири побрзо отколку во Италија и Иран.
Градот Њујорк е новиот епицентар на зараза на коронавирус затоа што една третина од позитивните се регистрирани во САД, а вирусот, од кој починале повеќе од 16.500 луѓе низ целиот свет, се шири пет пати побрзо отколку во другите делови на земјата.
Еден од илјада жители во градот е веќе заразен, рече координаторката на Работната група за борба против коронавирусот, д-р Дебора Брикс.
Густината на населението е еден од најголемите проблеми во градот во моментот, пишува „Њујорк тајмс“, додавајќи дека во Њујорк веќе процентот на заразени е поголем отколку во Италија.
Причината е градскиот превоз и метежот во него, крајно посетените јавни паркови.
Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, им нареди на болниците веднаш да го зголемат капацитетот за прием на заразените лица за 50 проценти.
Само во понеделник беа пријавени уште 5.000 случаи, со што се зголеми бројот на заразени на 21.689 во поширокото подрачје, додека 13.119 во самиот град.
Ноќта, од Ковид-19 починаа 125 луѓе.
Претседателот на Соединетите Држави нареди испраќање на голем контингент средства за заштита против коронавирус (маски, нараквици, средства за дезинфекција) и најави дека научните лаборатории во Њујорк ќе работат забрзано за да изнајдат решение.
Тој изрази оптимизам за ефикасноста на комбинацијата од лек за маларија и антибиотици, што се покажа успешна на други места во светот.
Градоначалникот Бил де Блазио ги затвори училиштата во Њујорк на 15 март по голем притисок, а сега изјави дека не треба да се очекува учениците и студентите да се вратат во зградите пред 20 април. Организирана е онлајн настава.
Засега нема ограничувања во движењето на жителите во градот, но на сите им се советува да останат дома.
Рестораните и баровите не примаат гости, тие само доставуваат храна, пренесува РТС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

