Македонија
Препораки за бизнисите и операторите со храна, ракавиците мора често да се менуваат за да не се пренесат бактерии
Иако досегашните сознанија покажуваат дека коронавирусот не се пренесува преку храната, лицата кои работат со храна, со кашлање, кивање или преку контакт со раце, може да го пренесат вирусот на работните површини и храната, освен, ако строго ги следат добрите практики за лична хигиена, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.
Препораките од Агенцијата за храна и ветеринарство за постапување на бизнисите и операторите со храна во време на пандемија со коронавирусот:
Во процесот на производство и промет со храна, не треба да работат лица кои имаат некој од симптомите на Ковид-19. Воведете дополнителни контроли со кои ќе обезбедите дека со храна работат здрави лица. Пред почетокот на секоја нова смена, раководителот да направи консултација со вработените, за состојбата со нивното и здравјето на нивните семејства.
На видно место истакнете ги чекорите за правилно миење на рацете.
Лицата кои работат со храна мора да ги мијат рацете: пред да почнат со работа, пред да ракуваат со зготвена храна, односно подготвена храна за консумација од страна на потрошувачите, по ракување или подготовка на сурова храна, по ракување со отпад, должности за чистење, користење на тоалетот, по јадење, пиење или пушење, по ракување со пари, или генерално – редовно.
Доколку се користи заштитна опрема во процесот на производство и промет со храна, информирајте ги вработените како правилно да ја користат.
Заштитните ракавици мора често се менуваат, а рацете да се мијат по секое вадење и пред секое менување нови ракавици.
Заштитните ракавици треба да се сменат по извршување на активности кои не се поврзани со храна, како што се отворање/затворање на вратите со рака, празнење канти, ракување со пари и сл.
Лицата кои работат со храна треба да бидат свесни дека носењето заштитни ракaвици може да им овозможи на микроорганизмите да се соберат на површината на рацете. Затоа, миењето на рацете е исклучително важно кога ќе се отстранат ракавиците. На ваков начин ќе се избегне последователно загадување на храната.
Кога се носат заштитни ракавици подолг временски период, без често менување и миење на рацете, микроорганизмите на кожата брзо се размножуваат поради топлината и влажноста што ја создаваат ракавиците. Кога заштитните ракaвици ќе се отстранат, ако се ракува со храна без миење на рацете, голем број бактерии можат да се пренесат во храната.
Правилното миење на рацете е исклучително важно, без оглед дали се користат заштитни ракавици или не. Ако се користат, миењето на рацете треба да се изврши пред да се стават ракaвиците, меѓу менувањето на ракавиците и откако тие ќе се отстранат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во израелски напади во Газа убиени 17 лица, меѓу нив шест деца
Во израелски напади на северот и југот на Појасот Газа убиени се најмалку 17 Палестинци, меѓу кои и шест деца, соопштија локалните болници, пренесе Би-Би-Си.
Израелската војска наведува дека нападите уследиле откако, според нив, „терористи отвориле оган и тешко раниле еден војник“ на северот на Појасот Газа, во близина на таканаречената Жолта линија, која според договорот за прекин на огнот со Хамас означува територија под контрола на Израел. Како одговор, биле изведени прецизни удари од копнени и воздушни сили, поради, како што наведуваат, „очигледно кршење“ на примирјето.
Болницата Ал-Шифа во Газа соопшти дека примила тела на 13 лица, меѓу кои пет деца, по напади врз шатори и домови во источните квартови Зеитун и Туфа. Во болницата Насер во Хан Јунис биле донесени тела на уште четири жртви, меѓу кои и едно дете.
Од стапувањето во сила на примирјето на 10 октомври, Израел и Хамас речиси секојдневно меѓусебно се обвинуваат за негово кршење. Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас, наведува дека од тогаш во израелска ватра загинале најмалку 529 луѓе, додека Израел соопштува дека во палестински напади загинале четворица нивни војници.
Македонија
СДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев
Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.
„Идеалите на Гоце Делчев за слободна, праведна и напредна Македонија и денес се силен потсетник дека иднината се гради со храброст, знаење и единство. Наша должност е да ги чуваме и живееме тие вредности, секој ден.
Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев“.
Македонија
Мицкоски: Очекувам раководството на ССМ да излезе од партиската прегратка и да се договори со Владата во интерес на административците
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека очекува неколкумина од раководството на Сојузот на синдикати да излезат од, како што рече, партиската прегратка и да постигнат договор со Владата во интерес на работниците, односно на административните службеници.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната средба со УПОЗ и очекувањата, Мицкоски нагласи дека дел од вработените во јавната администрација сè уште немаат договорен Колективен договор со Владата.
„Очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие, како што многу пати кажав во минатото, уште тие 7.700–7.800 наши колеги немаат со Владата договорен Колективен договор, сите останати имаат“, изјави премиерот.
Тој додаде дека со ваквиот договор Владата, како работодавач, ќе ги заокружи односите со сите вработени до истекот на мандатот.
„Со ова, Владата како работодавач ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада, до 2028 година, со сите оние на чии работодавач директен или индиректен е Владата“, рече Мицкоски.

