Црна хроника
Битолчанец ќе добие казна од 2.000 евра за непочитување на полицискиот час

Битолското основно јавно обвинителство поднесе предлог за казна за 32-годишник кој на 24 март околу 22 часот бил затекнат како се движи по битолската улица Илинденска, со што не го почитувал полицискиот час односно забраната за движење на населението во периодот од 21 до 5 часот.
Битолчанецот се товари за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Надлежниот јавен обвинител му предложил на судот на обвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи на 20 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист: сообраќајна незгода на магистралниот пат Струмица – Радовиш

Вчера вечер во 21.45 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на „Градашорска крстосница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.У.(34) од Велес, а со престој во Струмица, и мотоцикл „јамаха“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од И.В.(53) од Радовиш.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
Црна хроника
Со секира се обидел да ја нападне сестра си: кривична против 23-годишник од Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против 23-годишниот Б.С. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неизвршување на судска одлука“.
На 10.04.2025 во Штип, пријавениот со секира оштетил врата во семејниот дом, обидувајќи се физички да ја нападне неговата сестра, а притоа постапил и спротивно на решение од Основен суд Штип.
Црна хроника
Судир меѓу „џип чироки“ и електричен тротинет: тешко повреден малолетник во Скопје

Вчера околу 18.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Петар Ичко“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „џип чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Ш.Е. од Скопје и електричен тротинет, управуван од малолетник од село Страхојадица, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.