Контакт

Македонија

Стабилна состојбата во Дебар и Центар Жупа

Објавено пред

На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, непречено се реализираат мотопатролите што ги спроведуваат полициските службеници низ градските средини и приградските населби. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди. На терен без проблем се одвиваат активностите кон лица што се ставени под мерки за самоизолација, здравствен надзор и домашна изолација, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

„Во општините Дебар и Центар Жупа без проблеми се реализираат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти. Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини“ , се вели во соопштението на МВР.

Од МВР апелираат до граѓаните строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана на движењето од 21:00 до 5:00 часот секој ден, како и дисциплинирано да се придржуваат до сите други препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (Ковид-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Македонија

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Времето во наредните денови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Карпош денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија9 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет12 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија15 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија17 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија18 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија19 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија19 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија20 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ21 час

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа23 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет23 часа

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа24 часа

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа24 часа

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион24 часа

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет1 ден

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија1 ден

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија2 дена

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија2 дена

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија2 дена

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...