Македонија
Вработен во ЈСП позитивен на коронавирус

Во ЈСП-Скопје има едно лице позитивно на Ковид-19, кое навремено било хоспитализирано, велат од Јавното сообраќајно претпријатие.
Оттука нагласуваат дека станува збор за лице кое не било во контакт со колегите повеќе од две недели, со оглед на примена на владината мерка за ослободување од работни обврски на хронично болни лица.
„Лицето не било вклучено во извршување на јавниот превоз, туку е дел од помошно-техничкиот персонал (паркирач) кое било во ограничен контакт со останатите вработени лица“, велат од ЈСП.
Пет лица вработени во ЈСП-Скопје, кои исто така се дел од помошно-техничкиот персонал, се во самоизолација, откако било пријавено дека имале контакт со лица кои претходно биле во непосреден контакт со лица вратени од патување од земја со среден или висок ризик.
ЈСП-Скопје ја информирa јавноста дека одговорно, навремено и активно ги спроведува и презема сите неопходни, превентивни и заштитни мерки во борбата против ширење на Ковид-19 за да ги заштити корисниците на јавниот превоз и своите вработени. Сите возила вклучени во јавниот превоз секојдневно се подложни на дополнителна дезинфекција, а секојдневно се прават напори на вработените лица да им се обезбедат заштитини маски, ракавици и средства за дезинфекција.
Согласно превентивните и заштитните мерки донесени од Владата на РСМ, 179 лица се ослободени од работа, поради хронични заболувања, бременост, родители на деца до 10 години и слично. На сите лица кои влегуваат во автобазите (работните простории) на ЈСП-Скопје им се мери телесната температура, а на сите вработени кои не се потребни во режим на намален интензитет на работа им се сугерира да ги користат старите годишни одмори. Дирекцијата има скратено работно време, воведено е ротационо работење, дел од билетарниците и центрите за персонализација се затворени или работат скратено, така што се преземени сите можни превентивни и заштитни мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.